НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: На Северна Македонија местото ѝ е на масата на ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и специјален претставник за Западен Балкан, , Габриел Ескобар, ја завршува официјалната посета на земјава. 

Прв домаќин на високиот гостин од САД во земјава му беше шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

– САД изразуваат силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи што е можно најбрзо, изјави денеска американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјална посета на земјава на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Тој се заблагодари за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.

– Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО, додаде Ескобар.

Шефот на дипломатијата истакна дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во регионот и изрази благодарност за посветеноста и фокусот што САД го даваат на регионот на Западен Балкан.

Ескобар – Димитров: Преспанскиот договор – столб на мирот и сигурноста во регионот

И заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денес имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кој престојува во работна посета на Северна Македонија.

– Делиме иста визија за иднината на Северна Македонија и регионот и поддршката од САД како наши партнери и сојузници секогаш била двигател на процесите. Почетокот на пристапните прег​овори со Северна Македонија ќе означи заокружување на едно поглавје во исполнувањето на заедничката стратешка цел и создавање на нов моментум за европската иднина на регионот како гарант на стабилноста и демократијата. Надминувајќи ги актуелните предизвици, ќе можеме да се насочиме кон унапредување на споделените вредности и продлабочување на партнерството во тој поглед, рече Димитров.

Заменикот помошник Ескобар ја истакна посветеноста на Северна Македонија како НАТО сојузничка во обезбедувањето на регионалната безбедност и промовирањето на евро-атлантските вредности, при што ја посочи важноста на Преспанскиот договор како столб на мирот и сигурноста во регионот.

Заев-Ескобар:  Целосна поддршка на САД за заеднички одговори за билатералните прашања меѓу Р.С. Македонија и Република Бугарија

Премиерот Заев на средбата со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, го запозна гостинот со актуелната политичка состојба во земјата.

Заев нагласи дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, за справувањето со пандемијата, за економскиот раст, и особено за актуелното прашање за соодветен и ефикасен одговор на енергетската криза.

Заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој на средбата беше придружуван од амбасадорката Кејт Мари Брнз, истакна дека неговата посета на земјата има за цел да ја нагласи поддршката на САД, токму за овие прашања, како и за партнерскиот пристап што Република Северна Македонија го покажува со прифаќањето на граѓаните од Авганистан и за активната улога за суштинско интензивирање на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“.

На средбата беше истакната целосната поддршка на САД за изнаоѓање на заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија заради фактот што иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.

Габриел Ескобар земјава Зоран Заев посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.