Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар за Н1: Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан

0
By Соња Крамарска on December 15, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, е оптимист за решавање на кризата во Косово. Тој смета дека не е време за милитаризација туку за преговори и дека Србија не треба да ја враќа војската на Косово. Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан. Здружувањето е неопходно, бидејќи „иднината ќе ви биде подобра во интеграциите, отколку преку разделување“, кажа Ескобар во интервјуто за белградска Н1.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ескобар, по средбата со Александар Вучиќ и Мирослав Лајчак во Белград, порача дека „постојат елементи на оптимизам“ во поглед на решавање на кризата на Косово, притоа не сакајќи да навлегува во детали на денешните разговори.

„Потребно ни е не само решение за оваа актуелна криза, потребно ни е одржливо решение во контекст на регионалната ситуација. Сакаме оваа криза да ја претвориме во можност не само за Србија и Косово, туку и за целиот регион“, изјави Ескобар.

Тој рече дека САД очекуваат барикадите на граничните премини да бидат отстранети откако беа поставени во сабота. Рокот за отстранување на барикадите не е одреден, но очекува тоа да се направи „во блиска иднина, односно за неколку дена“. Истото важи и за враќањето на Србите во косовските институции.

Во приказната за Србија и Косово, приоритет е да се најде решение за целиот регион, а не само за тие две области, порача тој.

„Западен Балкан е важен дел од евроатлантската заедница, но не е дел од официјалните структури“, смета Ескобар.

На прашањето да го објасни заедничкиот настап на земјите од Западен Балкан во сегашните услови во кои Србија не го признава Косово, тој одговори:

„Наместо да се расправаме за издавање државни документи, ајде да разговараме за отстранување на потребата од некои од тие документи. На пример, да има зона за слободна трговија за целиот регион. Да се отвори компанија во Црна Гора и потоа да работите на целиот Западен Балканот. Има можност да се искористи оваа криза за да се најдат вистински решенија за тукашните граѓани“, смета Ескобар.

Иднината на двете нации Ескобар ја гледа во ЕУ, што според него ги подразбира „Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите регионални можности. Тоа ќе ја реши оваа криза и ќе создаде поголеми можности за регионот“.

Тоа подразбира Србија да го признае Косово.

„Став е дека земјите од регионот мора меѓусебно да се признаат и да имаат јасен пат кон Европа“, кажа тој.

„Овој регион има подобра иднина заедно отколку одвоено. Ќе имате подобра иднина во интеграцијата отколку преку раздвојување. Благодарение на можностите што ги дава заедничкиот пазар, ќе станете најбрзо растечки регион во Европа. Луѓето од Балканот одат во ЕУ и Америка во потрага по работа, а треба да останат тука. Интеграциите и економијата се вистинското решение“, рече Ескобар.

Тој ја потврди синоќешната изјава дека САД се против враќањето на српските војници на Косово.

„Не треба да ја милитаризираме оваа криза. Ова не е моментот да се користи војската, ова е моментот да се користи дипломатија, дијалогот и компромисот, како и имагинација, за да се замисли што носи иднината на регионот“, рече Ескобар.

Тој истакна дека изјавата „Косово има безбедносни гаранции од САД“ не е закана за Србија и дека овие гаранции важат и за Србите во северна Митровица“.

„Нема да дозволиме никој од Косово да и се заканува на Србија и не сакаме закани за безбедноста и стабилноста на северно Косово“, рече Ескобар.

Извор: МИА

Габриел Ескобар Косово Н1 Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.