Естонија лансира апликација за дигитални имунолошки пасоши преку која луѓето ќе можат да го споделат својот ковид статус со трета страна, како што се властите или работодавецот. Immunity Pass е мобилна и веб-апликација што собира податоци за тестирање на коронавирус.
Апликацијата е направена од невладина организација, со поддршка на почетни компании и здравствени службеници. Програмерите велат дека е во согласност со естонските и меѓународните регулативи за приватност на податоците, но признава дека тие се „свесни за можни етички, социјални и други проблеми и зошто тоа решение може да не функционира“ во некои земји.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди да не се издаваат такви пасоши на лица кои се опоравиле од коронавирусот, затоа што нема докази дека тие лица се заштитени од повторна инфекција.