Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ бира ново раководство

0
By Нова ТВ on June 27, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 27, 2014 09:49

Кристалина Георгиева на местото на Кетрин Ештон?

Шефовите на државите и владите на ЕУ денес продолжуваат со потрагата за претседател на Европската комисија. Фаворит на функцијата е Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, поранешен премиер од демо-христијанската европска партија.

Вчера во Белгија се одржа првата средба на европските шефови на држави и влади каде што британскиот премиер Дејвид Камерон повтори дека до крај ќе се спротивставува на номинацијата Јункер на чело на Комисијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот италијански колега Матео Рензи, како и многу други европски премиери, сметаат дека местото на Јункер е на чело на извршното тело на ЕУ.

Доколку денес се донесе одлука за претседател на Комисијата, таа потоа треба да биде потврдена на нов самит кон средината на јули. На тој самит ќе се бараат и политичарите за другите европски високи функции.

Така, според европскиот портал Еурактив, наследничка на Кетрин Ештон, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, би можела да биде Бугарката Кристалина Георгиева. Порталот јавува дека повеќе земји членки на ЕУ ја искажале својата поддршка за Георгиева која досега беше комесар за хуманитарната помош, задача која таа ја изврши со успех.

Сепак, бугарската влада се уште не одлучила кого ќе испрати во ЕУ. Владата на премиерот Пламен Орешарски се очекува наскоро да падне поради лошите изборни резултати на европските избори во мај но и поради проблемите со проектот Јужен тек.

Орешарски планира во Европската комисија да ја испрати вице премиерката Зинаида Златанова а за комесар е заинтересиран и Сергеј Станишев, лидерот на социјалистите кои се сега во коалиционата влада. Станишев е претседател на Партијата на европските социјалисти и беше на овие избори избран за европски пратеник.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот Росен Плевнелиев ја поддржува Георгиева исто како и опозицијата на ГЕРБ која има големи шанси да се врати на власт. Георгиева беше номинирана на европски комесар од владата на Бојко Борисов.

Според Еурактив оваа вест за тоа дека Георгиева ќе ја наследи Ештон допрва треба да се потврди. Факт е дека за ова место ЕУ би сакала да именува женски кандидат но тука се и италијанската министерка за надворешни работи Федерика Моргерини а се уште не се знае и кој ќе го наследи претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпеј.

Засега е речиси извесно дека на чело на Европскиот парламент ќе застане неговиот досегашен претседател Германецот Мартин Шулц. Овој социјалист беше исто така кандидат за претседател на Европската комисија но европската повелба предвидува местото да и припадне на партијата победник на изборите, овој пат демохристијаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.