Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на Европската Унија ќе се состанат денес во Брисел, а на состаноците ќе се дискутира за конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и одбранбените капацитети на Унијата.
Состанок на министрите за одбрана на ЕУ треба да се одржи наутро, додека состанок на министрите за надворешни работи ќе се одржи попладне.
Шефовите на дипломатиите ќе разговараат за 17-тиот пакет санкции на ЕУ против Москва поради руската војна во Украина, а во фокусот на дискусијата ќе биде таканаречената руска „флота во сенка“, беше наведено на официјалната веб-страница на Европскиот совет.