Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ директива за чисти возила

0
By Нова ТВ on May 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директивата на Европската Унија (ЕУ) позната како „Директива за чисти возила“ донесена од Европскиот парламент и Европскиот совет во јуни во 2019 година и која треба да биде пресликана во националните закони на земјите членки најдоцна до 2 август 2021 година предвидува задолжителни минимални таргети за секоја земја членка за чисти лесни патнички и товарни возила, камиони и автобуси до 2025 година и 2030 година, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

Од таму велат дека директивата за чисти возила ги ограничува централните и локални власти во земјите членки на Европската Унија при набавка или изнајмување на возила, така што се предвидени задолжителни квоти за „чисти возила“.

„Дефиницијата за чисти лесни патнички или товарни возила е во согласност со Директивата за емисија на CO2 2019/631, според која до 31 декември 2025 година за чисти возила ќе се сметаат сите автомобили или комбиња кои емитуваат не повеќе од 50 грама CO2 на еден километар и до 80 проценти соодветни граници на НОх и цврсти честички во реални услови на возење. По 1 јануари 2026 година за чисти лесни возила ќе се сметаат само автомобили или комбиња со 0 емисија. Чисти тешки возила се сите камиони и автобуси кои користат некои од алтернативните горива, дефинирани во Директивата 2014/95, како хидроген, електрични на батерии вклучително плаг-ин хибриди, природен гас – CNG, LPG и биометан, течни биогорива, синтетички горива и LPG“, велат од нафтениот гигант.

Во однос на чистите автобуси, минималните таргети зависат од бруто-домашниот производ на земјата и бројот на жители, но се движат меѓу 24 и 45 проценти од 2021 до 2025 година и меѓу 33 и 65 проценти од 2025 до 2030 година. Половина од овие чисти автобуси може да бидат на природен гас, потенцираат од компанијата.

Директивата не ги опфаќа земјоделските и шумските машини. Таа се однесува на сите специјални возила за армијата, полицијата и противпожарните служби, како и специјалните возила кои се користат во градежништвото, пристаништата и аеродромите, но и амбулантните и другите специјални возила, но државите ќе имаат можност да ги исклучат при носењето на своите национални закони.

Европската комисија најавува ревидирање на Директивата во 2027 година, за кога е предвидено поставување нови таргети за по 2030 година.

директива Макпетрол Чисти горива
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.