Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ го повлече грантот од 28 милиони евра за пристаништето Драч

0
By Соња Крамарска on November 24, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
ЕУ се повлекува од проектната инвестиција за пристаништето Драч, грант од 28 милиони евра наменет за поддршка на проектот за реконструкција  на дел на терминалот во ова најголемо албанско пристаниште, јави Топ чанел.
Се додава дека на официјалната веб-страница на „Инвестициската рамка на Западен Балкан“, овој проект веќе има статус „откажан“.
„Во описот на проектот на оваа страница, инвестицијата финансирана од ЕУ би овозможила зголемување на преработувачките капацитети на бродовите, зголемување на проектираната длабочина со цел закотвување на бродовите со голема тонажа како и зголемување на стабилноста на кејовите за високи тонажи“, наведува телевизијата.
Пристаништето Драч моментално  третира околу 90 отсто од поморската размена на земјата во тонажа и 53 отсто од целата меѓународна трговија.
„Терминалот има вкупно пет столбови и има површина од 92.680 квадратни метри. Столбовите 1 и 2 се во лоша состојба. Првиот е изграден во 1972 година, а вториот помеѓу 1945 и 1951 година. Извршена е одредена рехабилитација во 1994 година. Сепак, подводните структурни елементи покажуваат знаци на значителна корозија, што го спречува безбедното работење на големите товарни капацитети“, наведува истиот извор.
Со проектот требало да биде  рехабилитирана и железничката врска помеѓу Тирана и Драч, како дел од коридорот на основната транспортна мрежа, зајакнување на врските на Албанија со Хрватска и Италија. Покрај тоа, тоа ќе им било овозможено на Косово и на Северна Македонија пристап до поморските транспортни рути,  стои во описот на проектот, од кој ЕУ веќе се повлече.
Откажувањето на проектот доаѓа кога се очекува албанскиот парламент денеска по итна постапка, со просто мнозинство,  да го изгласа договорот за новиот проект за трансформација на пристаништето Драч.
Проектот на кој опозицијата остро се спротивстави, сметајќи го за мега корупциска афера, веќе го испрати до Уставниот суд.
Дополнително, поради раскинати договори за концесии на Драч, Албанија е пред казни со  милионски износи.
извор: МИА
грант ЕУ пристаниште Драч проект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.