Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ и дава 87 милиони евра неделно на Унгарија, а таа ја уништува ЕУ

0
By Нова ТВ on September 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 11, 2018 17:45

Ден пред клучно гласање на Европскиот Парламент за суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ, премиерот Виктор Орбан одржа жестока дебата со европратениците.

Извештајот „Саргентини“, наречен по известувачот, европратеничката Јудит Саргентини, предвидува активирање на „нуклеарната“ опција – членот 7 на Повелбата на ЕУ, со која се суспендира правото на глас на земја членка во Советот на ЕУ. Извештајот набројува низа прекршувања на демократските правила и владеењето на правото во Унгарија, контрола врз медиумите, ограничување на правото на изразување, верските слободи како и независноста на судството.

Орбан овој извештај го нарече „навреда“ за Унгарија и за „честа“ на унгарската нација, а авторите на извештајот ги спореди со “разгалени богати деца“ кои „наследиле“ демократија наместо да се изборат за неа. Според унгарската влада извештајот е полн со „лаги и невистини“.

-Мислите дека знаете подобро од самите Унгарци што им е потребно, овој извештај не ги почитува Унгарците, изјави Орбан.

Мнозинството европратеници, со исклучок на партиите на екстремната десница и популистичките партии, му реплицираа на унгарскиот премиер со еднаква страст.

Холандската пратеничка Софи Вантвелд му порача на унгарскиот премиер дека сите европратеници „исто така имаат гласачи, не само вие, господине Орбан“.

-Моите гласачи ме прашуваат зашто ние треба да ги почитуваме правилата, а Унгарија не мора. Прашуваат зошто и даваме 87 милиони евра неделно на Унгарија за да ја уништува ЕУ. Тешко ми е да им одговорам на гласачите, изјави Вантвелд.

Повеќето европратеници повторија дека извештајот „во ниеден случај“ не се напад кон унгарскиот народ, туку напротив има за цел да ја заштити демократијата и европските вредности во Унгарија.

Европратеничката од Словенија Тања Фајон изјави дека ќе го поддржи извештајот „Саргентини“, таа потсети дека партијата на Орбан ги шири истите„“методи на сеење страв“ надвор од своите граници, вклучително и во Словенија.

-Вакви кампањи се навреда за сите Европејци, жално е што мораме да зборуваме за демократија и владеење на правото во земја членка. Унгарците не заслужуваат никој да ја поткопуваа демократијата, рече Фајон на дебатата.

Главната поделба околу овој извештај е во самата политичка група на Орбан, Европската Народна Партија. Голем број политички партии членки на ЕПП најавија дека ќе го поддржат извештајот и суспензијата на правата на гласање на Орбан, како Австрија, Грција, Малта, Белгија и други. Британците пак порачаа дека ќе гласаат против извештајот.

Најголема поддршка Орбан ќе добие од популистички партии кои за време на дебатата застанаа на страна на унгарскиот премиер.

-Знам дека мнозинството меѓу вас ќе го одобри извештајот и знам дека мојот говор тука нема да ви го смени мислењето, изјави Орбан.

МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.