Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ и САД со различни толкувања на делови од постигнатиот трговски договор 

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белата куќа излезе со тврдење дека секторските царини за увозот на челик, алуминиум и бакар од ЕУ во САД ќе останат непроменети. – ЕУ ќе продолжи да плаќа (царина од) 50 отсто, а страните ќе разговараат за обезбедување синџири на снабдување за овие производи, се наведува во „Информативниот билтен“ на Белата куќа. 

Во врска со ова различно толкување на договореното, портпаролот на Европската комисија за трговија и царини Олоф Гил упати на делот од соопштението на ЕК посветен на извозот на алуминиум и челик, во кој се вели дека „ЕУ и САД, заедно, ќе воспостават царински квоти за извозот од ЕУ на историски нивоа, намалувајќи ги сегашните царини од 50 проценти“. 

European Comission

Во првите денови по постигнувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД во неделата во шкотското место Трнбери, двете страни во јавноста излегуваат со различни, понекогаш дури и противречни толкувања на делови од спогодбата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во неделата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на кој беше постигнат договорот со што беше избегнато воведување на царини од 30 отсто на целиот извоз на европски стоки во САД, изјави дека станува збор за договорна рамка, чии детали треба да се прецизираат во следните недели.

А токму најмногу противречни изјави доаѓаат околу тие „непрецизирани детали“.

Европската комисија, која стои на ставот дека станува збор за „обемен“ нов трговски договор со САД, тврди дека Вашингтон се обврзал на воспоставување „систем на квоти“ за увозот на европскиот челик и алуминиум, со што за одредени количества на овие метали би се плаќала помала царинска стапка од сегашните 50 проценти.

Меѓутоа, Белата куќа излезе со тврдење дека секторските царини за увозот на челик, алуминиум и бакар од ЕУ во САД ќе останат непроменети. – ЕУ ќе продолжи да плаќа (царина од) 50 отсто, а страните ќе разговараат за обезбедување синџири на снабдување за овие производи, се наведува во „Информативниот билтен“ на Белата куќа.

Во врска со ова различно толкување на договореното, портпаролот на Европската комисија за трговија и царини Олоф Гил упати на делот од соопштението на ЕК посветен на извозот на алуминиум и челик, во кој се вели дека „ЕУ и САД, заедно, ќе воспостават царински квоти за извозот од ЕУ на историски нивоа, намалувајќи ги сегашните царини од 50 проценти“.

Спротивставени ставови има и околу извозот на фармацевтските производи. Според Гил, „ЕУ верува“ дека извозот на европски фармацевтски производи во САД ќе подлежи на договорената основна царина од 15 отсто, како и најголемиот дел од останатите стоки, откако Вашингтон „ќе ја заврши истрагата по Член 232 во наредните недели“.

Станува збор за постапка согласно Член 232 од американскиот Закон за проширување на трговијата од 1962 година, со која се врши проценка на влијанието на увезените стоки врз националната безбедност на САД. Истрагата ја спроведува Бирото за индустрија и безбедност при Министерството за трговија, а неа може да ја иницираат заинтересирана страна, раководител на владина агенција или секретарот за трговија. Сегашната истрага по овој член беше иницирана во април годинава и согласно Законот таа може да трае до 270 дена, но Трамп најави дека ќе биде спроведена во многу покус период.

Меѓутоа во „Информативниот билтен“ на Белата куќа не се споменуваат никакви намалувања на царината поврзани со истрагата по Член 232.

Во врска со ваквите спротивставени оценки на договорот, Гил изјави дека се ќе биде разјаснето во заедничка изјава на ЕУ и САД, за која блокот „се надева дека ќе биде објавена многу наскоро“.

Како реакција на претходните најави од Вашингтон за царини од 30 отсто за целиот европски извоз во САД, Европската комисија, по консултации со земјите членки, минатата недела усвои пакет контрамерки за увозот на американски производи во ЕУ, кои треба да стапат во сила од 7 август.

Еврокомисијата се уште не донела одлука за повлекување на контрамерките и според најавите нема да го стори тоа се додека не се договори заедничката изјава.

Според образложението на трговскиот договор, што го објави ЕК, ЕУ и САД се обврзуваат на воспоставување единствен сеопфатен царински лимит од 15 отсто за извозот на мнозинство од европски стоки на американскиот пазар од 1 август, вклучително и за автомобилите и автомобилските делови за автомобили и за „сите потенцијални идни царини за фармацевтските производи и полупроводниците, вклучувајќи ги и оние опфатени со Членот 232“.

Во однос на царините за извозот на авиони, авионски делови, одредени хемикалии и генерички лекови и природни ресурси од ЕУ во САД, во образложените се наведува дека тие ќе се вратат на нивоата од пред јануари.

Со договорот, според толкувањето на ЕК, се предвидува и укинување на преостанатите давачки на за увозот на индустриски стоки од САД и подобар пристап на ограничени количества на американски рибни и земјоделски производи, како алјаски полок, пацифички лосос, ракчиња, соино масло, семиња за садење, житарки, јаткасти плодови, доматен кечап, какао и бисквити, на европскиот пазар.

Натаму договорот предвидува и намалување на нецаринските бариери, зајакнување на соработката во економската безбедност и промовирање и олеснување на меѓусебните инвестиции од двете страни на Атлантикот.

Дополнително, ЕУ се обврзува дека има намера да набави американски течен природен гас, нафта и нуклеарно гориво во вредност од 750 милијарди долари во следните три години, со што ќе се овозможи замена на рускиот гас и нафта на европскиот пазар. ЕУ, исто така, „има намера“ да купи американски чипови за вештачка интелигенција во вредност од 40 милијарди евра.

Во образложението се нагласува дека политичкиот договор за трговијата и царините „им служи на основните економски интереси на ЕУ за стабилни и предвидливи трговски и инвестициски односи меѓу ЕУ и САД“, а во исто време целосно го почитува регулаторниот суверенитет на Унијата и ги штити чувствителните европски земјоделски гранки, како производството на говедско или живинско месо.

– Политичкиот договор од 27 јули 2025 година не е правно обврзувачки. Освен преземањето на непосредните мерки, ЕУ и САД ќе продолжат да преговараат, во согласност со нивните релевантни внатрешни процедури, за целосно спроведување на политичкиот договор, се додава во образложението.

 

ЕК ЕУ САД царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.