ЕУ го активираше својот механизам за цивилна заштита за помош на настараданите во поплавите во Македонија, јави Европската комисија (ЕК) денес.
Екипа на технички експерти ќе стаса во Скопје утре, на 9 август, за да ги утврди штетите и да им даде совети на локалните власти.
ЕУ е подготвена да и даде поддршка на Македонија во овој тежок период. Комесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес изјави дека неговите служби се во контакт со локалните власти во Скопје: “Веднаш денес испративме хуманитарен експерт а екипата на цивилна заштита ќе следи утре”, изјави тој и додаде дека ЕК е подготвена да даде хуманитарна помош доколку е потребно.
ЕК има Координативна служба за итна реакција преку која помошта ќе се договара. Преку оваа служба ЕК предлага да се испратат апарати за сателитски снимки за службите кои работат во погодените подрачја.
Оваа служба ја олеснува координацијата помеѓу земјите членки на ЕУ и Македонија, Исланд, Норвешка, Црна Гора, Србија и Турција.
ЕК потсетува дека Македонија минатата година била исто така погодена од поплава со трагични последици во Тетово и добила помош преку оваа служба за цивилна заштита.