Претставниците на Европската унија во Црна Гора, денеска изразија загриженост поради случувањата на синоќешните протести во Подгорица, откако дојде до судир на полицијата и демонстрантите.
– Очекуваме од надлежните органи ефикасно да ги истражат сите инциденти во согласност со принципите на владеење на правото. И додека демонстранциите претставуваат легитимен и легален начин за изразување на политички и други мислења треба да бидат мирни и во согласност со законот, се вели во забелешката на ЕУ.
Делегацијата на ЕУ апелира до сите политички партии повторно да се вклучат во конструктивен дијалог во собранието на Црна Гора кое велат, претставува клучен форум за политичка дебата.
Од друга страна, Демократскио фронт, организаторот на протестите, одбива “фингиран дијалог“, бидејќи според нив тоа би значело соработка со црногорските власти.
Фронтот ги обвини премеирот Мило Ѓукановиќ и претседателот на Парламентот, Ранко Кривокапиќ за нередите во кои беа повредени над 100 граѓани.




