Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ќе најде пари за нови членки ако бидат спремни до 2027 година

0
By Нова ТВ on May 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 3, 2018 16:10

Генералниот директор на Европската Комисија задолжен за проширувањето, Кристијан Даниелсон, коментарајќи го предлогот на идниот европски буџет во кој не се предвидени средства за нови земји членки на ЕУ, изјави дека Унијата „веќе многу инвестира“ средства на европските даночни обврзници во државите од Западен Балкан за справување со прашања важни за блокот како што се поврзувањето или владеењето на правото.

Според Даниелсон, она што е важно е дека стапката за Западниот Балкан во буџетот е зголемена.

Европската комисија во нацрт-буџетот предлага зголемување на средставта за претпристапните фондови за следниот финансиски период од 2021 до 2027 година од 11 на 14,5 милијарди евра.

– Финансиската рамка 2021-2027 не зборува за проширувањето затоа што тоа не е прашање за финансиската рамка. Тоа прашање ќе се појави кога ќе дојдеме на крајот од процесот, кога ќе бидеме на крајот на претпристапните преговори. Но, 2025 не е врежана во камен, процесот се базира на способноста на земјите да одат напред. нагласи Даниелсон.

Европскиот комесар задолжен за буџетот, Гинтер Етингер вчера изјави дека „ниту едно евро“ не е предвидено за проширувањето во следниот нацрт-буџет на Унијата, но доколку некоја земја биде подготвена да пристапи во ЕУ ќе се мобилизираат средства, како што беше случај со Хрватска.

Меѓутоа во февруарската стратегија на Европската Комисија за проширувањето стои дека се очекува „импактот од пристапот на Западниот Балкан врз буџетот на ЕУ да биде многу ограничен“.

– Сепак прошриувањето има цена и ќе значи дополнителен трошок за земјите членки. Повеќегодишната финансиска рамка ги рефлектира политичките приоритети на ЕУ. Потребите за пристапните подготовки ќе треба да бидат земени предвид во следната повеќегодишна финасиска рамка, каде специфични ставки за прошриувањето ќе бидат вклучени. Доколку некои земји се подготвени да се приклучат за време на следната финансиска рамка, потребните промени ќе треба да бидат направени, се наведува во документот.

Високи извори во Европската Комисија за МИА велат дека „она што е важно е дека претпристапните фондови ИПА за наредниот финансиски период се значително зголемени“, но не беа во можност да одговорат дали овој пасус од стратегијата се коси со изјавата на комесарот Етингер.

Со оглед на претстојните европски избори прашањето за можни прошриувања во наредните години останува чувствително, потсетуваат извори во ЕК.

Вработените во ЕК, како и Етингер, упатуваат на искуството со Хрватска. Непосредно пред влезот на Хрватска во ЕУ во 2013, Унијата усвои измени на буџетот со зголемување од околу 655 милиони евра во заложби и 374 милиони евра во исплати. Влезот на Хрватска се случи само една година пред стапувањето во сила на новата финансиска рамка за 2014-2020 година, така што промените се однесуваа само на 2013.

Во овој момент, лидери во регионот се Црна Гора и Србија, кои веќе ги започнаа пристапните преговори со ЕУ, но Даниелсон не ја исклучува можноста другите земји да ги престигнат, зависно од темпото и успешноста на реформите.

Извори во Европската Комисија повторуваат дека 2025-та е „најдобро можно сценарио“, но не е ниту ветување, ниту гаранција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.