Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ најавува нови санкции за Русија

0
By Нова ТВ on August 30, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 30, 2014 11:53

Министрите за надворешни работи од Европската унија најавија пред одржувањето на денешниот состанок во Брисел дека го отвориле патот за нови санкции кон Русија, поради „инвазијата на Украина“.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот Елмар Брок истакна дека сите министри виделе дека досегашните преговори, состаноци и контакт групи немаат успех, бидејќи Путин ги користи како алиби за да добие на време.

– Единствена работа која може да се направи во кус рок е Европскиот совет да одлучи да ги зајакне санкциите, на пример за целиот финансиски сектор. Мислам дека лидерите на ЕУ ќе одлучат Комисијата да направи јасни предлози во тој правец, изјави Брок.

– Мораме да бидеме свесни за она со што се соочуваме – сега сме насред втора руска инвезија на Украина во рок од една година, оцени шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, алудирајќи на мартовската анексија на Крим.

Билт потенцираше дека на Русија мора да и се упати јасна порака дека нејзините упади на територијата на соседната земја се неприфатливи.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмајер изјави дека ситуацијата во Источна Украина полека „излегува од контрола“.

Зборувајќи во Милано, шефот на германската дипломатија предупреди дека сега е потребно да се „зауздаат работите“ за да се спречи директната украинско-руска конфронтација.

Овие изјави доаѓаат во време кога земјите од ЕУ започна консултации за воведување на нови санкции за Русија откако властите во Киев и НАТО ја обвинија Москва дека руските војници навлегле во делови од Источна Украина за да им помогнат на проруските бунтовници.

Официјална Москва ги отфрла таквите обвинувања и ја обвинува украинската влада за продолжување на кризата на истокот од земјата затоа што наместо отворање дијалог со бунтовниците, Киев настојува да обезеди воена победа, жртвувајќи ги животите на голем број цивили од Доњецк и Луганск.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера остро ја нападна Украина, споредувајќи ги акциите на нејзината војска во источните делови на земјата, со постапките и однесувањето на нацистичка Германија против Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.