Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Насилството на Косово станува се позагрижувачко

0
By Нова ТВ on August 30, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 30, 2016 12:59

Врз домот на директорот на косовската радио телевизија вчера беше фрлена бомба која за среќа не предизвика жртви.

Ова е четврти напад од ваков вид во Приштина. На 22 август беше фрлена бомба и во просториите на косовската Радио-телевизија РТК. На 4 август беше фрлена експлозивна направа врз косовскиот парламент а на 9 август слична направа беше фрлена на покривот на куќата на Мурат Меха, директор на комисијата за демаркација помеѓу Косово и Црна Гора.

Полицијата, која отвори истрага, соопшти дека бомбата била фрлена во дворот на куќата на Ментор Шала, генералниот директор на РТК.

Шала изјави дека експлозијата силно одекнала додека целото негово семејство било внатре во куќата и никој не бил повреден.

На 22 август во просториите на РТК бомбата направила материјална штета.

Се уште не е познато кој стои зад овие експлозии. Според соопштението на владата овој напад “криминален акт кој е насочен кон слободата на медиумите во Косово”.

Канцеларијата на ЕУ во Приштина е загрижена по овие напади и изјави дека “циклусот напади на Косово станува се посериозен”.

Според соопштението на РТК, експлозиите насочени кон нив се резултат на говорот на омраза против РТК на повеќе политичари.

“Ние веруваме дека говорот на омраза што го користат различни политички сили, особено Самоопределување, се вистинската опасност и закана за нормално функционирање на јавниот сервис”, соопшти РТК.

Опозициското движење Самоопределување го отфрли ова обвинување. Познато е дека Самоопределување често ја критикува работата на РТК и тврди дека јавниот сервис ја поддржува владеачката Демократска партија ПДК и Демократскиот сојуз на Косово ЛДК. На прес конференција на 26 август Самоопределување ја нарече РТК “портпарол” на владата и ја обвини дека одбила учество на лидерот на Самоопределување во една дебата на РТК во која темата била договорот за демаркација помеѓу Косово и Црна Гора.

Организациите кои се борат за слобода на медиумите предупредуваат дека новинарите и медиумите на Косово се честа цел на напади и закани.

Во септември 2014 година еден новинар познат по своите текстови поврзани со исламот во политиката доби закани во кои се велеше дека ќе му биде отсечена главата поради текстовите во кои тој ги критикуваше муслиманските интегристи во земјата.

 

Косово насилство РТК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.