Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ од нас бара резултати но и ние бараме признание за постигнатото

0
By Нова ТВ on January 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: професор Силвана Мојсовска

Како што ЕУ бара резултати од земјите од регионот, така и тие бараат признание за постигнатото, изразено како чекор напред во интеграцијата. Или, кажано поинаку, земјите од Западен Балкан треба да почувствуваат дека ЕУ конечно почнува да го гледа процесот на нивната интеграција како сопствен успех или неуспех.

Силвана Мојсовска

Во пресрет на 2018 година, земјите од Западен Балкан добија убава новогодишна честитка од ЕУ. Таа гласи: „2018-та ќе обезбеди единствена можност за регионот да направи неповратни чекори напред кон интеграцијата во ЕУ, доколку најголем приоритет се даде на неопходните реформи, посебно во областа на владеењето на правото, судството и фундаменталните права.“ Ова стои во соопштението од последниот состанок на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, со шефовите на влади на земјите од Западниот Балкан, одржан во декември 2017.

Колку е нова и реална оваа добронамерна мисла на ЕУ? Напредокот е условен од тешките и бавни реформи во споменатите области, а земјите од Западен Балкан веќе со години се најмногу критикувани токму за овие области. Значи, условот за напредок не е нов. Дали има новина во пристапот на ЕУ посериозно да помогне за напредок во реформите на земјите од Западен Балкан? Од март наваму, беа одржани повеќе состаноци на високо политичко ниво помеѓу ЕУ и земјите од регионот. Зголемениот интерес на ЕУ за регионот е нов позитивен импулс, иако надежта на овие земји дека ЕУ интеграцијата е можна во догледно време, веќе не се подгрева лесно. Посебно во случајот на Република Македонија. Како што ЕУ бара резултати од земјите од регионот, така и тие бараат признание за постигнатото, изразено како чекор напред во интеграцијата. Или, кажано поинаку, земјите од Западен Балкан треба да почувствуваат дека ЕУ конечно почнува да го гледа процесот на нивната интеграција како сопствен успех или неуспех.

Регионална интеграција на Западниот Балкан наспроти членство во ЕУ?

На ниво на регион, главната нова идеја што го отслика процесот на ЕУ интеграции во 2017 година беше договорот на земјите од Западен Балкан за градење на т.н. „регионална економска зона“, потпишан на јулскиот самит на ЕУ одржан во Трст. Идејата беше, и сè уште е проследена со многу сомнежи во однос на нејзиното конкретно значење и евентуалното реализирање. Регионалната економска зона подразбира слобода на движење на стоки, капитал и труд, на што е додадена и димензијата на соработка во областа на дигиталните технологии. Односно, зоната би значела своевидно економско обединување на земјите од регионот по примерот на ЕУ, што го отвора прашањето на паралелизам на двата процеса – регионална интеграција на Западниот Балкан наспроти членството во ЕУ?

Ова прашање е многу валидно бидејќи земјите на Западниот Балкан се многу повеќе заинтересирани и насочени кон сопственото интегрирање во ЕУ отколку кон регионалното интегрирање. Тоа јасно се покажа преку примерот на ЦЕФТА. Имено, зоната на слободна трговија на земјите од регионот – ЦЕФТА постои од 2006 година и тие практикуваат трговија без царински ограничувања. Тоа значи дека, првата димензија од новата замисла во пракса постои веќе цела деценија. За жал, резултатите во однос на трговијата во рамките на регионот (т.н. интра-регионална трговија) не се охрабрувачки. Во периодот 2010-2016 година, интра-регионалниот извоз се намалил за 11,6 отсто, а увозот за 6,6 отсто. Очигледно, земјите од регионот се многу повеќе насочени кон пазарот на ЕУ, така што, доколку тоа се земе предвид, зачудува идејата за повисока форма на регионална интеграција. Притоа, мора да се напомене дека трговското интегрирање се смета за многу поедноставно од другите две слободи – движењето на капиталот и трудот. Со оглед на тоа што првото е веќе реализирано во однос на елиминирање на царинските ограничувања (тековен проблем се т.н. нецарински бариери) и не може да се оцени како многу успешно, новиот предизвик за посеопфатно регионално интегрирање во кој се впуштаат земјите од регионот, под чадорот на ЕУ, е многу тешка мисија.

Сумирано, идејата за регионална економска зона на Западниот Балкан може да се анализира како производ од новиот, поангажиран пристап на ЕУ кон регионот. Меѓутоа, ограничените изгледи за успех на оваа идеја и воедно, неопределената временска рамка за постигнување резултати (според ЕУ, тоа ќе зависи од амбицијата на земјите од регионот), регионалната економска зона можат да ја претворат во дополнителен услов за ЕУ интеграциите на овие земји, и наместо да ги забрзува, всушност да ги забавува. Ова од причина што земјите ги третираат регионалните активности главно како задача наметната од ЕУ, додека примарниот фокус им е на индивидуалниот напредок на земјата кон ЕУ.

Во таа насока, во текот на 2018 година ќе биде потребно да се направи чекор напред во разбирањето на регионалното економско интегрирање на Западниот Балкан како надополнување на поединечните процеси на ЕУ интеграцијата на земјите. Според ЕУ, двата процеси се комплементарни, меѓутоа, Унијата ќе треба тоа да им го покаже/докаже на земјите. А, како тоа ќе го направи кога некои од нив се надеваат на брз влез во ЕУ (ова посебно се однесува на Црна Гора и Србија) е тешко да се замисли, посебно во контекст на добивање реални резултати во однос на регионалната слободна зона, а не формални активности на хартија. Оттаму, посоодветно ќе беше ресурсите и напорите на ЕУ да се потрошат на индивидуален пристап кон земјите зашто, на крајот, процесот на ЕУ интегрирање се сведува токму на тоа. Ставот на ЕУ дека регионалниот пристап при прием во Унијата нема да се практикува во однос на земјите од Западен Балкан е одамна јасен.

samit zapaden balkan

Решавањето на спорот со Грција – единствен пат кон поместување напред на ЕУ интеграцијата на Република Македонија

Во однос на европската интеграција на Република Македонија, критичката настроеност на ЕУ, присутна како доминантен модалитет на нејзиното однесување низ годините, не може да се оцени како успешна формула. Република Македонија заостана во процесот на ЕУ интеграцијата заради политичкиот проблем околу името со Грција. Непостоењето на реална траса по која би се одвивал процесот заради неможноста да се започнат преговорите, доведе до внатрешни негативни промени кои резултираа земјата да добие два т.н. Прибе извештаи (2015 и 2017), во кои главната оценка е дека Република Македонија претставува земја на „заробени институции“ од тогашната политичка власт. Или, владеењето на правото, судството и обезбедувањето на фундаменталните права отишле многу чекори назад. На оперативно рамниште, Република Македонија ќе треба со многу работа да стигне до нивото на кое била претходно, а дури потоа да го почне вистинското поместување напред во споменатите области. Оттаму, нема многу простор за оптимизам дека земјата ќе направи невиден исчекор во споменатите области во текот на 2018 година. Сепак, важно е да има континуитет и позитивен исход од реформите, имајќи предвид дека и двете страни (ЕУ и Република Македонија) се свесни за долгорочноста на процесот.

Сериозен чекор напред кон ЕУ за Република Македонија би имало само доколку конечно се реши спорот за името со Грција. Тоа ќе биде основа за започнување на преговорите за членство. За потсетување, првата препорака за отпочнување преговори, Република Македонија ја доби во 2009 година. Оттогаш, процесот е закочен. ЕУ покажа дека интеграцијата нема да се помести напред без решавање на овој спор, независно од нејзините уверувања дека реформите треба да продолжат бидејќи процесот има свој континуитет. Република Македонија, пак, покажа дека реформските процеси може да се свртат во погрешна насока доколку нема отворени врати кон целта. Оттаму, надежта дека процесот на ЕУ интеграција повторно ќе добие смисла во Република Македонија исклучиво зависи од активностите на политички план, односно од решавањето на спорот за името. Последните неколку месеци постои силна посветеност за решавање на спорот и навидум постигната зрелост од двете страни (Република Македонија и Грција) дека спорот мора да се реши, без оглед на високата чувствителност на прашањето и очекуваните реакции од исходот внатре во земјите.

ЕУ го поддржува решавањето на спорот, затоа што, очигледно, не може да понуди алтернатива за македонскиот процес на ЕУ интеграција реално да се „поттурне“. Односно, нема план за користење други механизми, како што е започнувањето на преговорите за поглавјата кои имаат строго стручна и професионална димензија. Тоа процесот го прави исклучиво зависен од македонско-грчкиот спор за името. Унијата во текот на 2017 година, особено после разрешувањето на политичката криза во Република Македонија покажа силна поддршка за земјата, проследена и со финансиска помош. На самитот во Трст, земјата доби 70 милиони неповратна финансиска помош (од вкупно 194 милиони наменети за сите земји од Западен Балкан), покрај редовната поддршка од претпристапната помош (ИПА). Поинтензивното ангажирање на ЕУ во однос на Република Македонија е секако позитивно и неопходно за враќање на земјата на вистинскиот колосек на реформите. Меѓутоа, преговорите за членство мора да започнат што поскоро (со или без решен спор за името) бидејќи, во спротивно, ќе се изгуби суштината на ЕУ интеграцијата. Односно, Република Македонија нема да биде меѓу земјите кои ќе ја искористат „единствената можност“ најавена од ЕУ за 2018 година.

Силвана Мојсовска е редовен професор на Економскиот институт – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Нејзиниот истражувачки интерес е главно насочен на прашања од областа на меѓународната економија и ЕУ интеграциите. Автор е на бројни научни трудови, работела на многу апликативни проекти, реализирала истражувачки престои на престижни универзитети во странство и учествувала на голем број меѓународни и домашни конференции.

 

ЕУ Западен Балкан интеграција Силвана Мојсовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.