Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ самит во Братислава: Реална дијагноза за причините за Брегзит

2
By Нова ТВ on September 16, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 16, 2016 09:13

 

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ денеска ќе се соберат на неформален, но многу значаен самит во Братислава на кој најмногу ќе се разговара за иднината на ЕУ без Велика Британија.

Првиот голем состанок на челниците на Унијата без Британија ќе има две цели: план за идниот однос со Британците и план за реформирање на Унијата.

Во обата случаја, како што пишува весникот Блумберг, целта е на крајот да се осигура дека заминувањето на Британија нема да го ослабе, туку ќе го зајакне европскиот проект.

Формалните преговори за Брегзит ќе започнат со почетокот на следната година, а најзначајното прашање уште сега е познато – спорот меѓу британската желба за повластен пристап на единствениот европски пазар и инсистирањето на ЕУ дека таков пристап подразбира слободно движење на работниците во Британија.

Како што претходно најави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, тема на разговор во Братислава нема да биде само Брегзит, туку и преземањето на политичката контрола над заедничката иднина.

tusk

Тој ги повика лидерите на ЕУ трезвено и сосема отворено да ги разгледаат проблемите на блокот, по шокантната одлука на Британците да ја напуштат Унијата.

Воедно го повика да постават реална дијагноза за тоа што го предизвика Брегзит и да ги уверат граѓаните дека од Брегзит извлекле поука и дека се способни да и ја вратат стабилноста и чувството на безбедност.

Така, во центарот на разговорите на европските лидери меѓу другото ќе се најде  и решавањето на мигрантската криза, јакнењето на безбедноста и одбранбената соработка, борбата против тероризмот и друго.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер завчера во годипниот говор за состојбата во унијата пред Европскиот парламент во Стразбур истакна дека ЕУ ги почитува и истовремено жали за одлуката на Британија но дека Унијата како таква не е под знак прашање.

ЕУ се наоѓа во егзистенцијална криза но нема да се распадне поради Брегзит, нагласи тој и повика на поголемо заедништво и солидарност, додавајќи дека следните 12 месеци ќе бидат одлучувачки.

Словачкиот премиер и домаќин на самитот Роберт Фицо воочи самитот рече дека состанокот би требало да одговори на прашањето, каде е денес ЕУ, но и да изнесе теми кои покажуваат дека е проект за кој вреди да се бориш.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.