Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ се огради од изјавите на Јанша за Иран

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, денеска јасно се огради од изјавите на словенечкиот премиер Јанез Јанша, преку кои тој изрази поддршка за опозиционерска иранска група, посочувајќи дека тоа не е став на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Словенечкиот премиер се обрати пред претставници на опозиционерска иранска група во егзил, Народни муџахедини на Иран, попознати под акронимот МЕК, и изјави дека Техеран е виновен за нарушување на човековите права и дека за тоа треба да одговара.

Техеран ја повика на разговори словенечката амбасадорка во Иран, а денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел нагласи дека и изјавите на Јанша, и покрај тоа што Словенија раководи со претседателството на ЕУ во овој момент, не се дадени во име на ЕУ. Борел вчера телефонски разговарал и со иранскиот министер за надворешни работи, кому му ја пренел истата порака.

– Му реков дека позицијата на поединечни премиери дури и кога го водат претседателството на ЕУ не ги претставуваат позициите на ЕУ, кога станува збор за надворешна политика во име на ЕУ зборува претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел или високиот претставник, јас, кога е на министерско ниво, разјасни Борел.

Тој истакна дека надворешната политика останува национална надлежност на земјите членки и дека тие имаат право да имаат различна позиција од таа на другите членки на ЕУ, како што беше неодамна случај со изјавите на унгарскиот државен врв за Кина.

– Истото се случи и овде, само е различен премиер од различна земја, но ситуацијата е иста, ако ме прашувате дали е позиција на ЕУ или дали ја претставува позицијата на ЕУ, одговорот е дефинитивно не, додаде шефот на европската дипломатија.

Борел нагласи и дека ЕУ има балансиран однос кон Иран, сочинет делумно од политички притисок кога е потребно, а делумно од соработка, на пример во делот на нуклеарниот договор со оваа земја.

Борел Иран Јанша
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.