Европската Унија го продолжи рокот за Брегзит до 31 јануари 2020 година, објави на својот твитер профил претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Дваесет и седумте земји се согласија да го прифатат барањето на Велика Британија за продолжување на рокот за Брегзит до 31 јануари 2020 година. одлуката се очекува да биде формализирана и преку пишан документ, објави Туск.
Тој во твитот употреби термин „флекстензија“ што според медиумите значи фкесибилно продолжување на рокот. Односно, доколу бротанските парламентарци го одобрат договорот за Брегзит порано, Британија ќе може да ја напушти Унијата и пред 31 јануари следната година. Според нацрт планот кој беше пред амбасадорите утрово, 1 декември годинава и 1 јануари следната година се можни датуми за Брегзит доколку договорот биде одобрен.
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе одговори на понудата на ЕУ да го одложи Брегзит за три месеци, откако ќе ги дознае сите детали, изјави денеска неговиот портпарол.
Британскиот парламент денеска треба да се изјасни за предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување вонредни избори.
Пред гласањето, според анкетата на „Опиниум“, Конзервативната партија на Џонсон има предност од 16 бода пред опозициската Лабуристичка партија.
Од претходната анкета спроведена пред осум дена поддршката за ториевците се зголеми за три бода, на 40 проценти, додека лабуристите останаа на 24 проценти.
Проевропската Либерално-демократска партија падна за еден процент на 15 проценти, додека партијата Брегзит на Најџел Фараж на 10 проценти.
Џонсон, кого членовите на партијата го избраа во јули за да го деблокира ќор-сокакот околу Брегзит, предложи одржување на избори на 12 декември, откако Парламентот не го поддржа договорот за Брегзит кој го постигна со Брисел.
Пратениците денеска ќе гласаат за тоа дали ќе има предвремени избори, но повеќето опозициски партии посочија дека ќе се воздржат или гласаат против овој потег, што значи дека Џонсон веројатно нема да добие поддршка од две третини од пратениците кои му се потребни.
Редовните избори во Британија се во 2022 година.





