Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска предложи да се осигураат уште девет милијарди евра кредит за Украина до крајот на оваа година.

„Ќе продолжиме да бидеме со нив за време на војната, но и кога ќе ја обновуваат земјата“, рече Фон дер Лајен во говорот во Брисел.

Од почетокот на руската инвазија, Европската Унија даде 4,1 милијарди евра за поддршка на економијата и општеството во земјата, како и за давање на хуманитарна помош, наведуваат од ЕК.