Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Толку блиску, а сепак далеку

0
By Нова ТВ on May 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако опаѓа процентот на граѓани кои мислат дека Македонија би имала полза од членството во ЕУ, тој и натаму е многу висок во споредба со земјите во регионот, се вели во статијата на Дојче Веле.

Македонија има голем сон да биде дел од ЕУ, ако се суди според бројните истражувања на јавното мислење. После Косово, во регионот Македонија рефлектира најголем интерес да се зачлени во ЕУ-клубот. Според податоците на Евробарометар, од 2008 година до лани, процентот на граѓани кои мислат дека земјата би имала полза од членството во ЕУ опаднал од 82% на 72%, но тој и натаму е исклучително висок во споредба со земјите во регионот.

Аналитичарот Сашо Клековски, се согласува дека евроатлантските интеграции на Македонија остануваат неспорни и со висока поддршка:

„Таа висока поддршка опстанува и покрај намалувањето на перцепцијата дека ЕУ-членството ќе биде добро за Македонија. Тоа што се менува е перспективата – кога ќе станеме членка на ЕУ? Ако песимистите во 2007 година сметаа дека ќе станеме членка во периодот од 2019-2022 година, сега тоа е оптимистичка прогноза. Таквата перцепција е поврзана со чувството дека добрососедските односи, односно спорот со Грција, стануваат непремостлива пречка”, вели тој.

За граѓаните на Македонија една од главните придобивки од членството во ЕУ е економскиот развој на земјата, на второ место – одржувањето на мирот и стабилноста, на трето – повисокиот животен стандард, а на четврто – новите можности за работа. Македонија е во врвот на земји по извозот на млади квалификувани кадри, кои емигрираат во земјите на ЕУ.

Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, вели дека по правило, младите најмногу веруваат во европските вредности и интеграции и поради тоа се една од најважните целни групи во стратегијата Европа 2020:

„Сепак, референдумот за влез на Хрватска во ЕУ покажа дека младите Хрвати се и најголемите евроскептици. Во Македонија, пак, според истражувањето на ‘Реактор’, младите се незадоволни, не веруваат дека можат нешто да сменат во државата и својата иднина ја гледаат надвор од границите на Македонија. Ова е поразителен податок за држава која наводно сака да стане членка на ЕУ. Но, загрижува и новата лексика која е лиферувана од медиумските центри на моќ на власта и која е се позастапена во општеството, како на пример, евробољшевици, европредавници, еврокукавици или брисељачишта”, предупредува Димова.

За разлика од младите, голем дел од повозрасните граѓаните кои немале можност да патуваат во земјите на ЕУ, Унијата ја доживуваат како салонска творба. Како и во секој главен град, така и во Скопје, постои инфо-центар на ЕУ, па единствениот „контакт” на граѓаните со Европа засега е преку хартија – географски карти, брошури, економски информации и статистики, што е далеку од можноста за „љубов на прв поглед”. Граѓаните малку знаат и уште помалку зборуваат за европските институции, за демократските вредности, за мултикултурата, за владеењето на правото, за обединувањето во различноста, што е и мото на Унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.