„Црна кутија“ ќе биде задолжителна во сите нови автомобили во Европската Унија (ЕУ) од наредната година, а од 2024 година ќе ја имаат сите возила што ќе бидат регистрирани за првпат. Тоа е уред што треба да открие до најмалите детали сè што се случило во моментите пред сообраќајна несреќа.
Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага при експертиза.
„Црната кутија“ не е новитет во автомобилската индустрија. Некои нови возила веќе ја имаат и обично се наоѓа помеѓу возачкото и совозачкото седиште во модулот за воздушни перничиња.