Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ во обид да ги смени правилата на одлучување во надворешната политика

0
By Xhabir Deralla on September 20, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 20, 2022 16:17

Пишува: Борјан Јовановски

Советот на министри на ЕУ денска ќе се соочи со едно од најтешките прашања кои навлегуваат длабоко во правилата на одлучување на европското семејство. На дневен ред се стави иницијативата на некои земји членки за укинување или ограничување на донесување на одлуки со консензус  за прашањата за надворешни работи, кое на секоја земја-членка на блокот и дава право на вето. Иницијативата произлезе од заканата на официјална Будимпешта да става вето на одлуките за санкции против режимот на Путин.

„Јас сум доста оптимист дека е можно да се постигне напредок по прашањето за гласање со квалификувано мнозинство“, изјави германската државна министерка за Европа Ана Лирман пред денешната средба со нејзините колеги.

„Разговараме за областите каде што тоа би можело да биде можно, особено во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика“, рече Лирман, каде одговорот на целиот блок кон Русија постојано беше „запрен од една членка. држава“. Таа додаде: „Мислам дека тоа не треба да не спречи да дејствуваме во иднина“.

За потсетување, Унгарија минатата недела сама ја блокираше ЕУ да побара известувач на ОН за руските прекршувања на човековите права.

На денешниот состанок  министрите ги разгледуваат клаузулите на ЕУ – кои им овозможуваат на земјите да се префрлат од едногласно на мнозинство гласови во Советот, без потреба од промена на темелните  договори на ЕУ.

Повеќето  делегации се подготвени да размислат за користење на овие нови клаузули со кои ќе се надминат блокадите од поедини земји членки особено кога станува збор за  санкции, човекови права, или други прашања од областа на заедничката надворешна и безбедносна политика.

Министрите за прашања на ЕУ, исто така, ќе разговараат за проблемите со  владеењето на правото во некои земји членки како на пример Унгарија. ЕК минатата недела употреби – тешко оружје – со блокада на кохезивните фондови за Унгарија кои ги таргетираат највеќе земјоделците.

„Го поздравуваме тоа што Комисијата на ЕУ го искористи механизмот за условување за прв пат“, рече Лирман. „Мислам дека ова е многу јасен сигнал до другите земји-членки дека влошувањето на владеењето на правото ќе биде санкционирано и ќе има драстични последици ако не можеме да бидеме сигурни дека средствата на ЕУ се трошат на начин каков што е дефиниран во европските правила.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.