Во актуелниот предизвикувачки меѓународен и геополитички амбиент ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина, се наведува во заедничка изјава на претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.
Ја истакнуваме потребата да се обезбеди постојан фокус на меѓународната заедница за поддршка на Украина за постигнување сеопфатен, праведен траен мир заснован на украинската мировна формула. Ние цврсто стоиме зад Украина, потврдувајќи дека ќе надвладеат мирот, безбедноста и правдата, се нагласува во изјавата.
Лидерите на трите европски институции потсетуваат дека пред три години Русија ја започна својата целосна и незаконска агресивна војна против Украина, при која намерно ја напаѓа украинската цивилна и критична инфраструктура. Линк