Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУОбзервер: Опасностите од повторениот национализам во Грција

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 26, 2018 11:27

Августин Зенакос, дописник на ЕУОбзервер од Атина

На 19 мај, толпа го нападна градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, во текот на церемонија за Денот на Понтик геноцидот.

Инцидентот започна со извици и навреди: “Оди си, ние не те сакаме овде!”, ” Валкан Евреин!”, ” Антигрк!”,”Скопјанис”!

Потоа, неколку луѓе, меѓу кои и некои што ги носеа ознаките на здруженијата Понтес, организиратори на церемонијата, почнаа да го туркаат градоначалникот.

Други почнаа да фрлаат пластични шишиња и разни предмети кон него.

Неговите придружници се обиделе да го заштитат, но толпата почнала да го следи до неговиот автомобил. Луѓето го удирале по главата а еден го удирал и во стомакот.

Кога стигнал до својот автомобил, едно лице од топлата удирало во вратата , а друго го скршило задниот прозорец. Како што автомобилот забрзал, луѓето почнале да ракоплескаат и да навиваат.

Во текот на последните години на финансиската криза во Грција, имаше неколку инциденти во коишто лути толпи вербално или физички напаѓале политичари или новинари.

Овие напади секогаш се насочени кон јавни личности, приврзаници на политиките за штедење наметнати од тројката (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд).

Некои познати колумнисти напишаа дека ваквите напади се мотивирани од екстремно десничарската идеологија и го поврзаа со Златна зора, озлогласената неонацистичка партија во Грција, чиишто членови во моментов се судат за убиство и други тешки прекршоци.

Точно е дека членовите на Златна зора ги навредуваат и напаѓаат политичарите и новинарите, но нема докази за директна поврзаност помеѓу организираното насилство на Златна зора и нападите на обичните луѓе или демонстрантите.

Попрецизно е да се каже дека се ова спорадични напади на “лути толпи” во контекст на “анти-елитниот” квази-популистички бран кој влезе во грчкиот политички живот во текот на кризните години. Тие лица не се носители на екстремно-десната идеологија, многу помалку организирана фашистичка акција.

Овие напади не можеа да се вредат во доменот на екстремната десница.

Токму тоа го прави нападот на Бутарис исклучително алармантен.

Бутарис е поддржувач на политиките за штедење и програмата за финансиска помош. Но, тој не беше нападнат од тие причини.

Тој беше нападнат бидејќи тој е либерален, антинационалистист, анти-расистит и поддржувач на ЛГБТ правата.

Бутариc силно го промовираше Солун како важен град не само како грчки, туку ги промовираше и турската и еврејската историја на градот.

Тој смета дека турските туристи треба да бидат охрабрени да го посетат родното место на Кемал Ататурк.

Тој, исто така, го промовираше основањето на Музејот на холокаустот во Солун, во знак на сеќавање на еврејското население убиено од нацистите.

Покрај тоа, тој често зборува и за решение за спорот со името со Република Македонија. И понуди општинско покровителство за годишната Геј парада.

Можеби за прв пат толку директно овој пат се гледа врската помеѓу нападот врз јавна личност и идеолошки гледишта на екстремната десница.

Вирулентниот национализам во Грција се разгоре во контекст на обновените преговори со Македонија. Неодамнешните обиди на владата за правата за ЛГБТ лица, исто така, наидоа на остра реакција.

Исклучително поларизираната јавна дискусија за овие прашања во голема мера ги сокри претходните сеприсутни судири за програмата за штедење. Можеби затоа што така таканаречените “национални прашања” и “вредности” сега стануваат област која може да го врати чувството на национална гордост .

За жал, власта и опозицијата ги охрабруваат ваквите перцепции.

Панос Каменос, министерот за одбрана, лидерот на Независни Грци, помалиот владин коалициски партнер, се спротивстави на компромис со Македонија и на новите закони за правата на ЛГБТ.

Мнозинството од неговата партија се согласува со него, но исто така и некои пратеници од Сириза.

Лидерите и претставниците на Нова демократија, главната опозиција, изразија слични ставови и зборуваат со се повеќе реакционерски тон, иако нивниот водач, Киријакос Мицотакис за себе вели дека е либерал.

Токсичната клима уште повеќе се влошува преку изјави на истакнати грчки православни свештеници, кои секогаш се фактор во грчкиот политички живот.

Без оглед на политичката тактика со која систематски се разгорува реакционерско расположение, можеби оваа историска лекција треба да се запомни: да се пропагира екстремната десничарска агенда на национализам и нетолеранција пред огромен број незадоволни луѓе поради кризата и рецесијата, е многу лоша идеја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.