Published: Sunday, June 12, 2016 16:08
Турските навивачи пред натпреварот меѓу Турција и Хрватска на Европското првенство во Франција истакнаа провокативен транспарент на кој пишува „Каде е Марко“?, при тоа алудирајќи на навивачот на Црвена Звезда Марко Ивковиќ, кој пред две години беше убиен во Истанбул во тепачка меѓу навивачи на Србија и Турција. Останува нејасно зошто навивачите на Турција овој навредлив транспарент го истакнаа пред натпреварот кој почна во 15 часот.
Инаку, за разлика од претходните денови, меѓу навивачите на Хрватска и Турција немаше тензии пред мечот, двете групи заедно пееја и пиеја пред мечот. А, Хрватите пред стадионот ги бодреа своите момци со познатиот усташки поздрав „за дом спремни“.




