Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуролинк осигурување даде 30 стипендии за студенти од Правен факултет

0
By Нова ТВ on November 16, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 16, 2018 13:16

Вчера вечер се одржа 5-тото јубилејно доделување на Еуролинк стипендиите. Беа доделени 30 стипендии за најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за учебната 2018/2019 година во вкупна вредност од 1 600 000 денари.

Еуролинк стипендијата е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовни студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40 000 денари, додека стипендијата за постдипломските студии е со висина од 60 000 денари. Во изминативе 5 години Еуролинк осигурување додели 130 стипендии на студентите од Правниот факултет, со вкупна вредност од 5 700 000 денари.

Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување Олга Костовска лично им ги врачи стипендиите на најдобрите студенти за 2018 година. „На сите стипендисти им честитам од срце, и се надевам дека ви го олеснивме патот кон иднината, покажувајќи ви ги вистинските вредности. Не заборавајте на вашата одговорност кон семејството, кон нашата татковина, кон своите сограѓани, започнете активен општествен живот, прифаќајќи ги предизвиците, бидете горди на благородноста и на хуманоста што ја носите во себе, и потрудете се секогаш да најдете начин да им помагате на оние што се помалку привилегирани од вас. Да не дозволиме вашиот и нашиот свет да ги заборават основните човечки вредности,  a користејќи го сопствениот интелект градете достоен живот за себе и за луѓето околу вас“, им посака претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување А.Д. Скопје на младите стипендисти.

За значењето на Еуролинк стипендијата се обратија и стипендисти на Еуролинк од претходните генерации и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Горан Коевски, кој истакна „Да се вложува во образованието и развојот на студентите на Правниот факултет ’Јустинијан Први‘ – Скопје е за нас особена чест и на одреден начин препознавање на квалитетот на образованието што го нудиме. Значајно за оваа стипендија е што таа се добива во еден сложен процес и зависи единствено од квалитетите што апликантите ги имаат и на 130 студенти им овозможи поттик за да бидат подобри во нивните студии и со тоа да станат поатрактивни на пазарот на трудот, но и да создадат основа за понатамошна академска надградба“.

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која се промовираат трајните образовни, културни и општествени вредности во нашата држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.