Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуромакс: „Иловица-Штука” нема да користи цијанид

0
By Нова ТВ on August 9, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 9, 2018 15:45

Проектот за бакар „Иловица-Штука“ е целосно безбеден и се развива со највисоките стандарди за животна средина, според домашното и меѓународното законодавство. Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата донесе одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина, тврдат од Еуромакс ресурсис.

Тоа, нагласуваат, е јасна потврда дека определба на компанијата е проектот да се развива со поддршка на локалната заедница, а сите обвинувања се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти.

– Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството. Еуромакс спроведе транспарентно и сеопфатно вклучување на заедницата и засегнатите страни во текот на изминатите четири години и тоа е темелно документирано во Студијата за влијанието врз животната средина. Со отстранувањето на цијанидот од процесот за обработка на рудата, примарниот производ на проектот „Иловица-Штука” сега ќе биде бакар, појаснуваат од компанијата.

Главниот процес на преработка на рудата, прецизираат, е флотација, физички процес преку кој ќе се произведува бакарен концентрат и ќе биде транспортиран во топилница во Бугарија.

– Овој процес на флотација е сличен на сите постојни големи рудници за метали во Македонија и не вклучува хемиски реакции за растворање на рудата. Реализацијата на проектот за бакар „Иловица-Штука“ ќе има голем економски бенефит за локалната и националната економија. Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2.700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. На национално ниво проектот ќе учествува со три отсто од БДП на Македонија и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно, велат од Еуромакс ресурсис.

Еуромакс Иловица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.