Службата за статистика на ЕУ, Еуростат објави дека во периодот меѓу 1998- 2011 , 230 илјади луѓе официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство, што претставува повеќе од 10 проценти од вкупното население во Македонија. Но, државните институции не кажуваат колку луѓе ја напуштиле земјата, јавува Радио Слободна Европа.
Од нив 170.000 Македонци се со привремен престој во земјите од ЕУ. Најголем дел од македонските иселеници во ЕУ живеат во Италија, потоа следуваат Германија, Австрија, Словенија.
Во периодот од 2002- 2008 година доаѓа до масовно одобрување странски државјанства за македонските граѓани. Во тој период околу 5.000 луѓе годишно добивале пасош во друга земја. Но, се претпоставува дека бројката е многу поголема, бидејќи не се знае колку луѓе имаат нерегулиран престој.