Published: Monday, October 17, 2016 20:04
Данската полиција денеска во градот Роскилд, западно од Копенхаген, го евакуирала локалниот аеродром и плоштад, поради закана за поставени бомби, соопшти данската полиција.
Данската телевизија „2“ јавува дека имало закани и за Копенхаген и за меѓународниот аеродром, но полицијата наведе дека тие закани не се сериозни.
Во меѓувреме, полицијата во местото Слагелс, на околу 60 километри југозападно од Копенхаген поради слични закани евакуиран е трговски центар, како и локалниот аеродром во Јултланд, во западна Данска.
Полицијата засега не дава повеќе детали за заканите.




