Published: Tuesday, June 9, 2015 21:57
Прес салата на Белата куќа била евакуирана за време на секојдневиот брифинг за новинарите.
Тајната служба за заштита на претседателот со куче ја испитувала салата а новинарите биле евакуирани кон блиска зграда. На новинарите им било дозволено да се вратат во салата по инспекцијата на службите.
За време на инспекцијата камерите продолжиле да снимаат па така гледачите кои следеле можеле да ја видат сцената.
Порано денес бил евакуиран и еден дел од Сенатот по дојава за бомба.




