Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евроактив: Италија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Словачка и Словенија контра Мерц

0
By Zoran Ivanov on July 17, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 17, 2026 14:58

Нов нон-пејпер за полесно и побрзо проширување се појави оваа недела во Брисел.

Овој пат, наместо ограничено или асоцијативно членство во Унијата, какво што изминатите неколку месеци го промовира германскиот канцелар Мерц, седум држави-членки предлагаат целосно членство за земјите-кандидати, без дополнителни услови, но со рамка на заштитни механизми за следење на напредокот.

Документот, како што објавува „Еврaктив“, е изработен од т.н. група „Пријатели на Западен Балкан“, составена од Италија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Словачка и Словенија. Новиот нон-пејпер, најверојатно, е подготвен по состанокот одржан на 10 јули во Рим, на кој учествуваа министрите за надворешни работи на овие седум држави, како и шефот на унгарската дипломатија, заедно со претставници на шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.

Според објавата на „Еурaктив“, ваквиот документ целосно се спротивставува на оној на Мерц, зад кој застанаа и Франција, Холандија, Белгија и Луксембург. Во него се предлага постепен пристап до европските фондови и учество на единствениот европски пазар, но без членство во институциите на ЕУ и без право на глас. Концептот главно се однесуваше на олеснување на пристапниот процес за Украина и Молдавија.

За разлика од тоа, овие седум земји го отфрлаат „секој пристап што би можел да создаде перцепција за кандидатури или членство од втор ред“ и повикуваат на „еднаква примена на преговарачките процедури за сите кандидати, без забрзани постапки или паралелни процеси“.

Треба да се избегнуваат нови барања, политички предуслови или дополнителни институционални чекори, бидејќи тие би ги обесхрабриле кандидатите и би го ослабнале влијанието на Унијата во нејзиното соседство, се наведува во документот, пренесен од „Еурaктив“.

Групата земји наведува дека заштитните механизми треба да постојат само доколку се „засновани на објективни потреби, пропорционални, правно издржани и усогласени со целокупната институционална архитектура на Унијата“.

Рамката за заштитни механизми треба да се заснова на каталог на инструменти што ќе се потпираат на искуствата од претходните проширувања и ќе бидат ажурирани во согласност со актуелните предизвици, со флексибилност за прилагодување кон специфичните околности на секоја земја-кандидат, се наведува во документот.

Сепак, во документот нема детали за временската рамка, ниту, пак, за конкретните чекори што земјите-кандидати би требало да ги преземат за да го забрзаат своето зачленување во Европската Унија.

 

ЕУ нов нон пејпр
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.