Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евробарометар: Чесите се најголеми евроскептици

0
By Нова ТВ on July 23, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 23, 2013 17:45

Повеќе од половината граѓани на земјите на ЕУ, или 57 проценти од анкетираните, се чувствуваат како неделив дел на Унијата, а во еврозоната тој процент е малку поголем- 64 отсто, јавува дописникот на МИА од Прага.

Според резултатите од анкетата на Евробарометар, со ЕУ најмногу се идентификуваат граѓаните на Луксембург и тоа 88 проценти, на Малта, 82 проценти, Словаците, 76 проценти и Германците и Финците по 73 проценти.

Како дел на европската заедница на 28-те држави најмалку се чувствуваат Чесите, (54 проценти), Романците, 53, Италијанците 52, Бугарите и Британците по 48 проценти, како и 45 проценти и 44 посто од жителите на Кипар и Грција.

И покрај економската криза во најголем дел од земјите на Унијата, кај населението на половината членки (19), се уште преовладува оптимизмот за иднината на Унијата. Во таа насока, најголеми оптимисти се Данците (72 проценти), Естонците и Латвијците по 64 проценти и граѓаните на Малта и Полска по 63 проценти.

Спротивно мислење имаат Чесите, само 42 проценти се оптимисти, Британците и Шпанците (по 40 проценти), Грците (30 проценти) и по 28 проценти жителите на Кипар и Португалија.
Огромно мнозинство од Европејците, 67 проценти, се убедени дека нивниот глас не одлучува во Унијата. Исклучок е Данска, каде 56 проценти од луѓето мислат дека нивниот глас е важен во европската заедница.

Анкетираните Европејци, за најголем успех на ЕУ го сметаат слободното движење на луѓето, стоките и службите. Потоа следи мирот во земјите-членки.

Европејците, главно се длабоко незадоволни со економиите на своите земји, односно само 24 проценти од нивниот вкупен број се задоволни од државната финансиска стабилност. Дури 55 проценти од луѓето сметаат дека најлошото допрва ги чека, додека 36 проценти сметаат дека најлошото поминало.

Чесите, по ова прашање се над ЕУ просекот, кога 39 проценти од населението сметаат дека најлошото е зад нив. Истражувањето било извршено во мај, меѓу 32.000 испитаници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.