Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврогрупата го одобри третиот пакет помош, Грција ќе добие 86 милијарди евра

0
By Нова ТВ on August 15, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 15, 2015 10:29

Грција ќе добие 26 милијарди евра по првата транша од третата спасувачка програма. Тоа го одлучија министрите за финансии од еврозоната, одобрувајќи го договорот со Атина. Дебатите продолжија шест часа, како што е соопштено од грчкото издание “Катимерини” – во исклучително позитивен тон.

13 милијарди евра ќе бидат во Атина уште до 20 август, за да можат властите да ги платат обврските, наведува Ројтерс. До овој датум Грција мора да плати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка (ЕЦБ). Во август и септември властите треба да платат и обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а до октомври и да го обноват мостовиот заем добиен во јули, во вредност 7,16 милијарди евра.

Речиси веднаш ќе бидат преведени и уште 10 милијарди евра за стабилизирање на банкарскиот сектор. Останатите 3 милијарди евра Атина ќе добие некаде во есента.

Вкупниот износ на новиот спасувачки план за нашиот јужен сосед е 86 милијарди евра. Тие ќе и бидат на располагање на Атина во следните три години, но само при исполнување на преземените обврски и ветувања за строги реформи. Првиот преглед како се исполнуваат обврските ќе биде направен до 15 ноември.

Уште остануваат некои детали кои треба да бидат надминати и тоа ќе се случи до вторникот за време на состанокот на Грција со тројката – претставниците на ЕЦБ, ЕК и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во суштина тие се однесуваат на учеството на Фондот во спасувачката програма, за што инсистираат европските кредитори на Атина. Од ММФ веќе изјавија дека би учествувале само при „сечење” на обврските на Грција по преглед на спроведувањето на програмата во октомври.

Одобрението на оваа програма во грчкиот парламент беше примен од страна на Владата на Алексис Ципрас рано утринава со цената на поддршката на дел од пратениците на СИРИЗА. Така премиерот на нашиот јужен сосед сега се соочува и со предизвикот да ја задржи власта.
Освен од парламентот во Атина договорот треба да добие и “зелено светло” од уште неколку национални парламентот во еврозоната, меѓу кои и германскиот.

Претходно Берлин искажа сомневања во желбата на Грција да ги исполни обврските од договорот и предложи земјата да добие нов мост заем, наместо парите од програмата. Алексис Ципрас, меѓутоа остро се спротивстави на ова барање, со коментари дека неговата земја има го направено се што побарале доверителите од 13 јули. Според него мостов заем само ќе доведе до продлабочување на кризата.

Дури и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сепак се изрази позитивно за напорите на грчката Влада и уште пред почетокот на средбата коментира дека очекува уште вечерва програмата да биде одобрена.

Во а од поракатЕК по завршувањето на седницата на Еврогрупата претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер коментира дека изминатите шест месеци (од доаѓањето на СИРИЗА на власт во Грција) биле тешки и е тестирано трпението на граѓаните на ЕУ.
“Среќен сум што можам да кажам дека сите земји ги исполнија своите обврски”, коментира тој и наведува дека Грција има да извршува амбициозни реформи договорени на 13 јули (по 17-часовни преговори).

Комесарот за прашањата на еврото Валдис Дамбровски пак обрнува внимание дека со одобрение на програмата веќе се отстранува несигурноста не само во Грција, туку и во целата еврозона. “Овој договор ќе создаде нови работни места и ќе го врати економскиот раст”, категоричен беше тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.