Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврокомисијата со остар одговор на нападите од Владата на Орбан

0
By Нова ТВ on February 19, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 19, 2019 14:51

Реагирајќи на новата кампања на унгарската Влада против ЕУ, во која директно е нападнат претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, извршното тело на Унијата денеска обвини дека станува збор за теории на заговор и дезинформации.

Во кампањата на унгарската Влада, платена со парите на даночните обврзници, се обвинува Брисел дека подготвува нови задолжителни квоти за мигранти и сака да ја „ослаби граничната заштита“ на земјите членки на ЕУ и да наметне хуманитарни визи за бегалците, со што ја „загрозува“ Унгарија. На билбордите во рамки на кампањата е прикажан Јункер заедно со американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос.

„Информативната“ кампања на унгарската Влада има за цел да „им стави до знаење“ на граѓаните на Унгарија „што навистина подготвува Европската комисија“.

Портпаролот на Еврокомисијата Маргаритис Схинас денеска на кампањата реагираше на невообичаено остро начин за оваа институција. Схинас потсети дека Комисијата на Јункер е посветена да се бори против дезинформациите и лажните вести и дека „овој случај не е исклучок“.

– Шокантно е што вакви смешни теории на заговор стигна до мејнстримот во толку голема мерка. Не постои никаков заговор, Унгарците заслужуваат факти, а не фикција, рече Схинас. – Нема „тие“, има само Европска Унија и Унгарија седи на истата маса, не е вистина дека ЕУ ја загрозува заштитата на границите, напротив, и нема никаков план за хуманитарни визи, земјите членки одлучуваат кого сакаат да прифатат, потсети Схинас.

Јункер, кој е и член на Европската народна партија (ЕПП), каде членува и партијата на Виктор Орбан, Унгарски граѓански сојуз (Фидес), досега повеќепати јасно порача дека на оваа партија не и е местото во ЕПП.

Портпаролот Схинас денеска потсети дека припадноста кон едно политичко семејство подразбира и да се делат истите вредности.

Европската комисија покрена повеќе прекршочни процедури против Будимпешта, поради законите за азил во државата, кои не се во согласност со европското право.

Европскиот парламент од своја страна побара активирање на членот 7 и суспендирање на правото на глас на Унгарија во Советот на ЕУ.  Но, до овој момент, земјите членки на ЕУ не се одѕваа на повикот на европратениците.

Активирањето на членот 7 се прави само со консензус на сите земји членки, но Полска стави на знаење дека нема да ја поддржи иницијативата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.