Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа е нашата шанса, со евроскептицизмот бираме да пропаднеме брзо, јако и глупаво

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ИЗБОР, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 9, 2024 13:05

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ако Северна Македонија застане на патот кон Европската унија, тоа ќе значи дека застанува и трендот на зголемување на платите, следствено на тоа ќе почне инфлација, а со тоа и нарушување на меѓуетничката кохезија. Ајде да расчлениме дел-по-дел што точно (или приближно точно) би значелно тоа за сите нас.

Кога велиме „Ние одиме на патот кон Европската унија“, во дополнителен превод тоа значи дека ќе се прекинува ланецот на етничкиот национализам, и тоа како прво; како второ, ќе се афирмираат и промовираат демократски и граѓански вредности, така што граѓаните би биле животно заинтересирани тие да бидат почитувани, нивната верба биде во спротивност на вербата на семоќта и нејзините авторитарни лидери. Со отварањето на границите, пак, се очекува многу поголемо санирање на економската состојба на земјата, практично ќе се случува препород на македонското општество, ќе се синхронизира демократското законодавство во демократски дух на целиот општествен живот.

Од друга страна, главниот проблем зошто сè уште не сме интегрирани во Европа, погодувате, е струјата наречена ВМРО-ДПМНЕ, таа десно-конзервативна партија која стравува од европеизација на македонското општество затоа што знае дека тоа ги подрива и слабее нејзините позиции.

И кога несреќниот Антонио Милошоски вели, „Ќе провериме дали Европа нè сака“?, мене тоа ми говори две работи: прво, каде синко мајчин ќе проверите, во УДБА можеби!? И второ: АМ и сличните на него не сакаат во Европа, бидејќи нивните позиции кои денес ги практикуваат, како што ги практикуваат своите привилегии внатре во македонскиот систем, ќе бидат загрозени. Ништо повеќе и ништо помалку.

Тоа е сета „вмроовска“ игра за Европеизација на земјата. Не сакаат во Европа затоа што ќе изгубат лични привилегии. А граѓаните? Граѓаните за нив од секогаш биле топовско мевце и тесто за месење. Дел од „вмроовците“ сами ми признавале гледајќи ме в очи: „многу глуп народ“. Од народ живеат, а за него мислат сè најлошо. Таква е тоа сорта на луѓе, и помош тука нема.

Другиот проблем на „вмроовците“ е тоа што Европа ја сметаат за колонијализам, и тоа оној „Западен“. Тука, „вмроовците“ гледаат понижување за нивниот дозлабога тесен и клаустофобично разбран „национален идентитет“. Само што и тука се заебале, комшија – македонскиот идентитет и македонскиот јазик со оваа влада е бетониран. Ние сме Македонци кои имаат македонски идентитет и зборуваат на својот мајчин, македонски јазик. Македонскиот јазик – со владата на СДСМ – е официјален јазик на Европската унија. Точка, пријателе! (имате google, за мојата констатација потребни ви се само два клика на глувчето)

Ако Северна Македонија не оди на патот кон Европа, нема крупни инвестиции, што значи ќе нема странски директни инвестиции, оттука ќе нема јак приход во приватниот сектор, а тоа значи дека ќе нема можност и за зголемување на плати, пензии, заштита на слаби и социјално ранливи граѓани. Без директни инвестиции во земја која одлучува да не оди на патот за Европа, инфлацијата тропа на сечија врата. Да нe зборувам за враќање на кредити по банки на нашите граѓани…

Тоа, за жал, ќе биде последица која ќе ја живееме ако Мицкоски стане власт.

Во суштина, тука се појавува и еден парадокс: можно е повторно да сиромашиме, земјата да регресира, а луѓето во физичка смисла да продолжат масовно да се иселуваат. Бидејќи секоја политичка одлука има и своја последица, како што впрочем, секоја политичка одлука има и свои економски импликации за животниот стандард на граѓаните.

Затоа на сите нас е да одлучиме: или Европа или стагнација, ама за тоа мора ние како граѓани да одлучиме. Сакаме длабински реформи, промена на авторитарните сили и тенденции? Ако сакаме, ќе мора сами да се бориме. Можеби ќе се одлучиме и за најлесното решение, така што ќе ѝ пркосиме на европеизацијата, ама тоа може и страшно да нè чини. Сите, без исклучок. Бидејќи во основа историјата е безгранично поле на наши избори. А пркосењето на европеизацијата не е нашиот континуитет, баш напротив, европеизацијата на земјата е нашиот најдолг континуитет од осамостојувањето до денес.

Европа е наша шанса да го запреме пропаѓањето и за себе да го извлечеме најдоброто; со евроскептицизам имаме шанса да пропаднеме брзо, јако и неописиво глупаво.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
европеизација ЕУ Ненад Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.