Холандија, Белгија, Данска и Шведска на 2 март во Брисел ќе организираат донаторска конференција. Целта е собирање пари за финансирање на меѓународните невладини организации кои поддржуваат абортус. Овие здруженија ќе останат без средства по одлуката на Доналд Трамп да им ги скуси парите од федералниот буџет на САД.
Наредбата на Трамп предизвика и се уште предизвикува реакции.
Белгија вети 10 милиони евра а се очекува и други земји да и се придружат на оваа иницијатива.
На белгиското национално радио потпретседателот на владата Александер Де Кро од либералната партија на Фландрија изјави објасни зошто Белгија се решила да го направи овој гест.
«Пред се затоа што САД имаат да одлучуваат суверено за нивната политика и тоа е нивно право. Но одлуката да не се финансираат организации кои се под Обединетите Нации и невладините кои прават огромни напори во семејното планирање е многу лоша. Во Африка се уште има стотици илјади девојчиња кои мораат да се мажат многу млади и немаат пристап до семејно планирање. Тие девојчиња првото дете го раѓаат на 12 години и имаат по 7 или 8 осум. Оваа ситуација ги става во лоша положба на зависност и ранливост а тоа има огромно влијание на развојот. Поради ова многу луѓе остануваат во екстремна сиромаштија», вели вице премиерот.
Одлуката не се однесува на невладини организации кои работат во САД туку тие кои работат во земјите во развој.
Де Кро вели дека намерата не е мешање во внатрешните работи ниту пат семејно планирање во САД.
«Станува збор за Африка, таму каде што навистина има сериозен проблем со голем наталитет и каде пристапот до семејното планирање не е можен».




