Претседателот на Франција, Оланд, во моментов има ТВ обраќање, на кое изјави дека четврток е прогласен за ден на жалост во Франција.
Beчерва цела Европа излезе на плоштадите на големите градови да го поддржи “Шарли Ебдо”.
Протести има во Лозана, Швајцарија; Европскиот парламент во Брисел; Трафалгар сквер во центарот на Лондон; на митинг пред француската амбасада во Мадрид.

Лондончани ја пеат француската национална химна, Марсељезата



Agence France Presse tweets pictures from inside their newsroom in Paris, where journalists held a minute’s silence holding “Je Suis Charlie” posters:
Франс прес на Твитер објави слики од нивната редакција во Париз, каде што новинарите со една минута молчење им оддадоа почит на колегите , држејќи ги транспарентните”Јас сум Чарли”.
Гугл на својата насловна страна стави црна лента, во знак на жалост за убиството на новинарите од Шарли Ебдо.

Во меѓувреме, карикатуристите од целиот свет, колегите на загинатите новинари објавуваат нови карикатури, во чест на колегите, но и славејќи ја нивната работа и борба за слобода на новинарството и изразувањето.






