Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европарламентарната тројка доаѓа во Македонија

0
By Нова ТВ on February 26, 2018 ПОЛИТИКА
Jpeg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан денеска доаѓаат во Скопје, каде утре ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап.

Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Од канцеларијата на Вајгл во ЕП информираат дека во неговата агенда е само Косап.

Над 190 учесници

На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите покрај тројцата европратеници се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.

Организатор е собраниската Комисија за европски прашања. Претседателот на Комисијата Артан Груби вели дека конференцијата се прави во периодот помеѓу објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан на ЕК, по посетата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер на Македонија за да се напарви еден вид притисок за Македонија да добие позитивен извештај за напредокот и чиста препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

На конференцијата најавено е учество на 190 партиципанти од Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција, Црна Гора и Косово, како и Бугарија, која е актуелен претседавач. Поканети се и претставници на академската заедница во Македонија, четириесетина граѓански организации, како и дипломатскиот кор.

На конференцијата, како што е најавено, ќе биде усвоена заедничка изјава.

Ќе се договара и терминот за разговорите во Париз

Вајгл, Флекенштајн и Кукан ќе бидат гости говорници на конференцијата која ќе има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.

Европратениците беа иницијатори на идејата за разговори во куќата на Жан Моне во Париз, но средбата на претставници на парламентарните групи беше одложен.

Вајгл најави дека тројцата пратеници  во февруари ќе дојдат во Македонија и дефинитивно да го договорат новиот датум на првиот состанок и темите кои би биле усогласени за тој состанок.

Првиот предвиден термин, минатиот месец, пропадна бидејќи, како што изјави Вајгл, не добија потврда од ВМРО-ДПМНЕ, која беше во процедура на избор на ново раководство.

 

Вајгл Жан Моне Косап Кукан Флекенштајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.