Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европарламентот бара првата Меѓувладина конференција да се одржи до крајот на 2020

0
By Нова ТВ on July 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 2, 2020 18:56

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук го поздрави изготвувањето на нацрт преговарачката рамка од страна на Европската Комисија и ги повика земјите членки да ја одржат првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија вчера ги предаде предлог рамките до земјите членки на ЕУ, кои треба во наредните месеци да ја усвојат на министерско ниво. Според нацрт агендата на германското претседателство тоа би се случило на 10 ноември.

На повикот на Ќучук се придружи и известувачката за Албанија, Исабел Сантос.

-Го поздравуваме овој нов клучен чекор во процесот на проширување – презентирањето на преговарачките рамки, кои, откако ќе се финализираат, ќе ги водат пристапните преговори за Албанија и Северна Македонија. Ги повикуваме земјите членки да ги усвојат текстовите на рамките без одлагање, за да се овозможи одржување на првата Меѓувладина конференција со секоја од земјите до крајот на оваа година, повикаа известувачите.

Првата Меѓувладина конференција го означува отворањето на првиот кластер на поглавја, посветени на владеењето на правото и правдата.

Ќучук и Сантос истакнуваат дека одржување на првата Меѓувладина конференција без одлагање ќе значи јасно признавање од страна на ЕУ за испорачувањето на реформите во двете земји и ќе ги поттикне целосно да му се посветат на преточувањето на целото ЕУ законодавство во националните законски рамки.

-Се надеваме дека владите во Албанија и Северна Македонија ќе изградат широк национален консензус за усвојувањето на сите потребни патокази и мерки, порачаа известувачите и ја повикаа Европската Комисија да продолжи да им ја пружа потребната поддршка на двете земји во овој поглед.

Северна Македонија треба да изготви патокази за исполнувањето на клучните реформи во делот на владеењето на правото и јавната администрација во наредните месеци, стои во преговарачката рамка. Германското претседателство во повеќе наврати истакна дека амбицијата на Берлин е да ја одржи првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на оваа година, потврдувајќи дека проширувањето ќе остане на врвот на приоритетите на ЕУ во наредните шест месеци.

Исполнувањето на реформите и посветеноста кон градење добрососедски односи и решавање на сите преостанати несогласувања со Бугарија и Грција остануваат клучни услови и во наредниот период, нивното непочитување може да доведе до стопирање на целиот процес, имајќи предвид дека Софија и Атина располагаат со право на вето исто како и секоја друга земја членка на ЕУ. Дипломатите во Брисел запознаени со процесот на проширување повикуваат да се продолжи да се разговара во европски и конструктивен дух со сите соседи за да не се одразат евентуалните билатерални тензии врз процесот на пристапување во Унијата

ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.