Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европарламентот и Советот не можат да се договорат за европски обвинител

0
By Нова ТВ on April 5, 2019 СВЕТ
Фото: news.err.ee
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2019 08:50

Преговорите за избор на главен европски обвинител се во застој, земјите членки и европратениците не успеваат да пронајдат компромис за кандидатот или кандидатката на оваа функција, и не е закажана нова рунда, јави МИА од Брисел.

Изборот за европски обвинител е помеѓу двајца кандидати: Французинот Жан Франсоа Бонер, поддржан од повеќе земји членки на ЕУ и Романката Лаура Ковеси, поддржана од Европскиот Парламент.

Ковеси е под притисок во Романија, каде е обвинета за корупција, потег кој многумина во Брисел, и посебно Европскиот Парламент, го сметаат за обид да се спречи кандидатурата на оваа поранешна главна антикорупциска обвинителка на Романија, бидејќи и беше забрането да ја напушти земјата. Ковеси минатата година беше отстранета од своите функции под притисок на романската владејачка партија, чиј лидер беше предмет на темелна истрага од нејзина страна.

Претседателот на ЕП, Антонио Тајани испрати и писмо до романските власти во кое бара да престанат да го попречуваат процесот на селекција на Ковеси. Високиот суд на Романија го поништи решението со кое и се забранува да излегува од земјата, но односот на романските власти кон Ковеси продолжува сериозно да загрижува во Брисел, исто како и состојбата со владеењето на правото во Романија.

Изборот на главен европски обвинител ќе биде резултат на преговори помеѓу двете институции, Советот на ЕУ, односно земјите членки и Парламентот. Европратениците ги критикуваат земјите членки дека не се спротивставуваат доволно цврсто на „мобингот“, како што велат, што го врши романската Влада врз обвинителката, додека пак земјите членки сметаат дека пратениците го „политизираат“ процесот.

-Госпоѓата Ковеси е од далеку најсилната кандидатка која највеќе ветува за оваа функција, не можеме да прифатиме Советот да попушти пред притисокот на романската влада за да поддржи многу послаб кандидат, изјави Ингеборг Гресле од германските демохристијани.

Следната рунда преговори е предвидена на 10-ти април, но по сѐ изгледа дека нема да се одржи. Во тој случај, преговорите би биле одложени за идниот парламентарен состав на ЕУ, со што постои сериозен ризик самата функција на европски обвинител да не започне со работи во ноември 2020-та како што е предвидено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.