Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеници пишуваат против законот за абортус

0
By Нова ТВ on June 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Начинот на кој законот беше предложен и се дебатираше сам по себе е знак за подготвеноста на земјата за влез во Европската унија и способноста да ги исполни демократските критериуми на Унијата“, се вели во писмото на европратеници кое неделава беше упатено до властите во Скопје.

Писмо на шест членови на Европскиот Парламент, вклучувајќи го и известувачот за правата на жените во балканските земји, Марије Корнелисен, доаѓа откако Парламентот во земјава во понеделникот донесе нов закон за прекин на бременоста во скратена итна постапка, јавува неделникот New Europe од Брисел.

Новиот закон сериозно го ограничува абортусот после 10 недели преку обврзување на жените што бараат абортус да поднесат барање до Министерството за здравство да се потврди дека тие присуствувале на советување, го информирале партнерот или сопружникот за нивната намера да абортираат и да се сретнат со гинеколог. Медиумите во земјата известуваат дека законот дополнително им забранува на жените да имаат втор абортус во рок од една година од првиот.

Членовите на Европскиот парламент се загрижени како за формата на дебатата во Собранието, така и на содржината на Законот. „Прекинувањето на бременоста е подеднакво прашање од гледна точка на јавното здравство и прашање на човековите права, конкретно поврзани со правото на жената на самоопределување“, велат членовите на Европскиот парламент и изразуваат загриженост во врска со дискусијата за важно прашање по итна постапка во Парламентот, „кога се чини дека се нема особена итност. ”

„Формата на дебатата во Собранието за вака чувствителен општествен проблем, кој има реперкусии во областа на јавното здравство, човековите права и правата на жените е причина за загриженост во врска со обврските на Македонија кон демократија и нејзиниот пат кон пристапување на ЕУ“, укажуваат на загрижените европратеници.

Што се однесува до мерките предложени во новиот закон за абортус, членовите на Европскиот парламент нагласуваат дека ниту една од нив не е врз основа на потребите на жените, ниту, пак, тие се медицински неопходни. Напротив, многу од мерките „се спротивни правата на жените за пристап до соодветна здравствена заштита, приватност, автономија, доверливост и достоинство, кои се сите гарантирани во Уставот на Република Македонија и се основните компоненти на процесот на пристапување кон ЕУ“, се нагласува во писмото.

„Додека ние целосно ја признаваме потребата за легислатива во однос на јавно здравје, вклучително и во областа на прекинување на бременоста, кои остануваат во рамките на националниот суверенитет, начинот на кој законот се предлага и дебатира е само по себе е јасен знак за подготвеноста на земјата за влез во Европската унија и способност да ги исполни демократските критериуми на Унијата,“ истануваат Корнелисен и нејзините колеги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.