Германските европратеници  го зголемува притисокот врз Берлускони и неговата Форца Италија кои се дел од ЕНП со експлицитно барање да не ја подржи Џорџа Мелони и нејзините Браќа на Италија. Прв на удар е Манфред Вебер, лидерот на десноцентристичката Европска народна партија во Европскиот парламент, кој се соочува со притисок од колегите германски европратеници да го исфрли Силвио Берлускони од групата ако ја поддржи шефицата на Браќата на Италија, Џорџија Мелони во нејзините обиди да формира владејачко мнозинство по изборите во Италија на кои таа освои најмногу гласови

„Не е доцна да се спречи екстремно десничарската влада на Џорџија Мелони во Италија“, се вели во отвореното писмо на германските европратеници Даниел Фројнд од Зелените, Катарина Барли од Социјалистите и Демократите и Мориц Кернер од Обновена Европа. Претходно и пратеници од германската десничарска, демохристијанска партија ЦДУ исто така истапија со отворено критики кон Вебер поради неговата поддршка кон Берлускони дадена за време на изборната кампања во Италија.

Во писмото на европратениците упатено до лидерот на ЕНМ, Макс Вебер се вели дека  демократите во европските политички семејства  имаат одговорност да ја спречат екстремната десница да влезе во владата на една од земјите членки, основачи на ЕУ каква што е Италија.

Воспоставувањето на „заштитен ѕид“ против екстремната десница се користеше во повоена Европа, а особено во Германија, од партиите кои се декларираа  дека се обидуваат да ја заштитат демократијата од оние кои би можеле да ја уништат однатре.

„Оние кои се сојузници со екстремната десница и ѝ помагаат да добие моќ не се и наши сојузници” се вели во ова писмо потпишано од тројцата германски европратенци.

Преземете одговорност-  фундаменталните вредности на ЕУ на кои се потпираат мирот и демократијата на континентот не треба да се жртвуваат само за да се добие моќ, се вели понатаму во писмото адресирано до претседателот на ЕНП, Макс Вебер.

„Затоа бараме од вас, како претседател на Европската народна партија, да им соопштите на вашите членови во Италија дека во ЕНП нема место за оние кои подржуваат екстремно десничарска влада во Италија. Доколку Форца Италија сепак се согласи да формира влада и да ја избере Џорџа Мелони за премиер, таа не смее да има иднина во проевропското партиско семејство на Европската народна партија, се вели во ова писмо. Инаку Силвио Берлускони, поранешен премиер на Италија и претседател ан Форца Италија е европратеник и член на најголемата пратеничка група во ЕП.

Борјан Јовановски