НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска комисија: Средете си ги финансиите и полека за трошењето

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Владимир Петрески

Главната фраза во економскиот дел од најновиот извештај на Европската комисија, објавен на 9 ноември годинава, се однесува на нешто што се вика „фискална консолидација“, а што подразбира намалување на буџетскиот дефицит (трошењата поголеми од она колку што на Владата и е долга чергата) и спречување на акумулацијата на јавниот долг (односно запирање на зголемувањето на долговите кои ги прави власта).

Со инсистирањето на ваквата политика Европската комисија се приклучува кон редица други институции какви што се Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, па дури и нашата Народна банка, при што сите ѝ велат на власта да намали со трошењата и со задолжувањата. Проблемот е што евентуалната имплементација на ваквата политика оди тешко, односно прашање е дали воопшто и одиме во насока на „фискална консолидација“, кога за вакво нешто речиси и да немаме ништо слушнато од најодговорните лица во македонската власт, какви што се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за финансии Кирил Миновски. Ај што нема конкретни политики насочени кон фискална консолидација, пред изборите на 11 декември слушаме за нови трошења во здравството кои треба да се случуваат по 2 или 3 години, а пензиите повторно треба да забележат раст од 5 отсто на почетокот на декември, односно непосредно пред изборите.

ЗАПРЕТЕ ГО РАСТОТ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ

А, од друга страна, пак, како што е познато, јавниот долг бележи повеќе од двоен раст во изминативе 8 години, односно од 23,5% од бруто домашниот производ (БДП) во 2008 година на дури 50,6% во моментов (во извештајот на Комисијата се вели 46,5% на крајот од 2015 година). Кога станува збор, пак, за буџетските дефицити, тие речиси редовно почнаа да го надминуваат превидениот праг од 3 отсто, па достигнуваат и 4 отсто, што значи дека од секои 100 денари што државата ги плаќа било кому по било која основа, 4 денари не се нејзини, туку ѝ се позајмени или од странство или од домашните кредитори.

На Европската комисија и е јасно дека ваквата состојба не може да трае долго, особено што буџетските дефицити од 2008 година до сега ја надминуваат сумата од 2,3 милијарди евра, средства кои се станати дел од јавниот долг.

ИСТАКНЕТЕ МЕРКИ ЗА ФИСКАЛНА КОНСОЛИДАЦИЈА

Сепак, според Комисијата „Владата одбива да истакне конкретни мерки преку кои би ја спровела фискалната консолидација“, при што се додава дека планот е буџетскиот дефицит да се намалел од 3,6% од БДП во 2015 на 2,6% во 2018, ама не со намалување на потрошувачката, туку преку „оптимистички претпоставки за економски раст, наспроти конкретни заштеди.“ Од друга страна, пак, Комисијата потсетува дека „годинава повторно се веројатни ад-хок зголемувања на пензиите, социјалните трансфери и платите во администрацијата, како и минатите години, иако растот на БДП се намалува.“

Но, и покрај ова, Комисијата оптимистички препорачува фискалната консолидација да се идентификува преку конкретни мерки за приходи и трошоци, да се подобри таргетирањето на трансферите и мерките кои можат да донесат раст во јавните финансии, и тоа особено преку целосно извршување на планираните приоритетни инвестициски трошења, што значи спроведување на планираните капитални инвестиции, наместо префрлување на парите за оваа намена за други цели кои не му помагаат на економскиот раст.

НАУЧЕТЕ ДА ГИ ПРОЕКТИРАТЕ ПРИХОДИТЕ

И, тука не завршуваат проблемите со македонските национални финансии. Комисијата вели дека странските директни инвестиции во земјава лани паднале на ниво од само 1,9% од БДП, за разлика од просекот од 2,7% од БДП во изминатите 5 години. Ова значи дека лани нивото на странски директни инвестиции забележало значителен пад и нема назнаки дека тоа нема да биде така и идната година, а оваа ставка е главниот мотор на економскиот развој врз кој се потпира актуелната власт.

Понатаму, власта во земјава има навика постојано да ги преценува приходите во своите буџетски проекции и тоа за дури 6% годишно во изминатите 5 години, заради што се потребни ребаланси. Дури 62% од вкупната потрошувачка е посветена на трансферите, пред сѐ, пензиите од 2009 до 2015 година, додека капиталните трошоци се имплементираат само до нивото од 84% од планираните. Дополнителен проблем е што капиталната потрошувачка се сели во државни претпријатија кои се надвор од буџетот во последните неколку години, а за ваквите постапки има многу „малку транспарентност какви се фискалните ризици поврзани со вршењето на големите јавни инфраструктурни работи преку државните претпријатија“. Ова едноставно значи дека не знаеме точно колку изнесуваат долговите на овие државни фирми и кога доспеваат за наплата.

ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА ФИСКАЛНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Како последица на сето ова, Комисијата препорачува подобрување на фискалната транспарентност (нешто што во македонската јавност се бара со години), подобрување на капацитетите за буџетско планирање, како и „брзо воведување на рамка за среднорочна потрошувачка“, што би се обезбедиле повеќегодишни проекции на компонентите за приходи и трошоци на среден рок, како и сеопфатно известување за тоа како се трошат парите надвор од буџетот преку целосни фискални извештаи, за на крај да се додаде дека е неопходно систематски да се информира за задоцнетите плаќања, односно неплатените сметки на државата кон стопанството и останатите субјекти, нешто што засега останува тајна, која оваа власт не ја открива.

СПРАВЕТЕ СЕ СО КОРУПЦИЈАТА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

И на крај уште нешто што вреди да се спомне од економскиот дел од извештајот на Европската комисија. А, тоа е борбата против корупцијата, но кога станува збор за јавните набавки. Во целиот извештај, корупцијата и борбата против корупцијата се спомнуваат повеќе пати, но овде ќе се задржиме на корупцијата при јавните набавки. Извештајот вели дека во оваа област „земјата е особено ранлива на корупција“. Иако се ве вели дека се направени напори за транспарентен, ефективен и ефикасен режим на јавни набавки, во изминатата година на овој план немало никаков напредок. Како последица на тоа се бара да се спречат нерегуларностите и корупцијата во текот на целиот циклус на јавни набавки, да се отворат истраги за наводите за конфликт на интереси и злоупотребите на функциите, па дури и да се преиспита употребата на електронските аукции и на Советот на јавни набавки.

НАМАЛЕТЕ ГИ ЗДЕЛКИТЕ ВО 4 ОЧИ

Лани јавните набавки изнесувале дури 25% од буџетот и тоа ова претставува пад во однос на 2014 година. Комисијата вели дека е добро што има електронски систем за јавни набавки, но во него не се вклучени анексите на договорите за кои многу добро се знае дека претставуваа основа за корупцијата на проектот „Скопје 2014“. Многу институции воопшто не ги објавуваат своите планови за јавни набавки, а има и премногу детализирани барања во тендерите кои ја спречуваат конкуренцијата и прават малите и средните претпријатија да не можат да се натпреваруваат. Настрана што многу добро знаеме дека ваквото местење на условите на тендерите е една од главните причини за корупција, при што тие се штимаат така на нив да можат да се јават само фирми блиски до власта. За зделките во 4 очи се вели дека доживеале пад од 5,5% на 4% од вкупната вредност во 2015 година, но и тоа е голема сума на пари зашто претставува 1 отсто од националниот буџет или дури 30 милиони евра за чие трошење се решавало во 4 очи.

 

годишен извештај за напредок Европска комисија економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.