„ За ЕУ исто така треба да биде приоритет развојот на силни врски со блиските соседи, базирани врз јасен баланс на права и обврски. Ова подразбира поддршка за трансформацијата на Западниот Балкан преку кредибилна политика на проширување, во која ЕУ мора да си ги исполни ветувањата“ пишува во документот.
Иако од вкупно 65 страници, само неколку редови му се посветени проширувањето, Европската комисија потсетува дека во овој состав се обновени напорите кон регионот на Западниот Балкан, меѓу другото преку стратегијата за регионот од 2018 година, чија цел е да покаже дека процесот на проширување е „цврст и кредибилен“.
„Должност на секоја генерација е да ја смени судбината на Европејците на подобро, за да го исполниме нашето ветување за мир, напред и просперитет“ рече претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер,.
Европската Унија треба да биде водечка сила во светот преку залагање за мултилатерален систем базиран на правила и да ги промовира своите темелни вредности – човековите права, владеењето на правото, одржливиот развој и почитување на меѓународното хуманитарно право.




