Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската Kомисија e мета на остри критики поради третманот на нуклеарната енергија

0
By Sashko on February 2, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 2, 2022 15:10

Европската Комисија (ЕК) денеска се обиде да ја одбрани одлуката да ја класифицира нуклеарната енергија како прифатлив транзициски извор во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Усвојувањето на делегиран акт за таксономија со кој нуклеарната енергија, но и гасот, ќе можат да се третираат во ЕУ како прифатлив транзициски извор на енергија наиде на остри критики, како од невладините организации, така и од повеќе пратенички групи во Европскиот Парламент.

Конкретно, ЕК денеска усвои акт со кој се овозможува нуклеарната енергија и гасот да бидат внесени во таксономијата на Европската Унија (ЕУ). Таксономијата е алатка на ЕУ упатена кон приватните инвеститори која служи како патоказ кон целта на декарбонизација на економијата.

Земјите членки на ЕУ остануваат целосно компетентни на национално ниво да одлучат каков енергетски микс ќе одберат, но целта е целосно да се исклучи јагленот од употреба во наредната деценија и да се постигне климатска неутралност и мнозинска употреба на обновливи извори на енергија.

Со месеци во ЕУ се водат дебати за тоа дали нуклеарната енергија треба да биде прифатена како транзициска енергија. Европската Комисија во голем дел се повикува на искуството на Финска која сѐ уште ја користи оваа енергија како транзиција до 2035 кога треба да постигне климатска неутралност врз основа на обнобливите извори.

Невладините организации и климатските активисти предупредуваат дека нуклеарната енергија е опасна, може да доведе до нуклеарни несреќи како во Јапонија, но и дека таа подразбира и токсичен нуклеарен отпад.

Еврокомесарката за финансиска стабилност, Мејрид Мекгинес денеска на прес-конференција рече дека ЕК ќе биде многу внимателна во однос на отпадот и истакна повеќе пати дека станува збор „само“ за транзициска енергија.

Не станува збор за зелен картон, јасно велиме каде треба да стигнеме и Финска е многу добар пример за тоа, рече Мекгинес, додавајќи дека нуклеарната индустрија мора да се справи со проблемот на нуклеарен отпад, да има план за решавање и финансирање на ова прашање и да преземе одговорност.

Таа ги отфрли критиките дека станува збор за „гринвошинг“, односно обид да се протне нуклеарната енергија, но и гасот, како зелени извори на енергија.

Кредибилитетот е многу важен за мене лично и за Европската Комисија, нашиот кредибилитет е зајакнат со тоа што направивме нешто тешко но потребно, знаевме дека работата за нуклеарната енергија е нецелосна, изјави комесарка, истакнувајќи дека со оваа последна одлука напротив Европската Комисија презема одговорност со тоа што воведува јасни услови и критериуми за приватните инвеститори и ги класифицира овие извори како транзициски, а не како зелени.

Од групата на „Зелените“ во Европскиот Парламент веднаш остро реагираа.

Европратеникот Бас Ејкхаут изјави дека ова е кусоглед обид за класифицирање на гасот и нуклеарната енергија како одржливи извори и дека се доведува во прашање кредибилитетот на ЕК во однос на климатските амбиции на ЕУ.

Невладината организација „Гринпис“ денешната одлука ја нарече “обид за грабеж“.

Некој се обидува да земе милијарди евра од обновливите енергии и да ги истури во технологии кои или ништо не прават за борба против климатската криза, како што е нуклеарната енергија, или кој активно го влошуваат проблемот, како фосилниот гас. Осомничениот се наоѓа во седиштето на Европската Комисија и е маскиран како некој што треба сериозно да го сфатиме во однос на климатската и природната криза, изјави Ариадна Родриго од „Гринпис“.

Невладината додаде дека оваа одлука ја доведува климатската политика на ЕУ на ниво на шега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.