Можеби најризичниот потег на претседателката Урсула фон дер Лајен во составувањето на нов состав на Европска комисија е да го даде ресорот животната средина и океани на најмладиот комесар во историјата на ЕУ.
Министерот за економија и иновации во Литванија, 28-годишниот Виргиниус Синкевичиус, беше единствениот претставник на Зелените и официјално беше номиниран за комесар, пишува Еурактив.
Фон дер Лејен му честиташе на својот официјален профил на Твитер за неговиот избор.
– Тој е 28-годишник кој докажува дека Европа е подготвена да им довери клучни задачи на помладата генерација – рече Фон дер Лејен.
До неодамна најмладиот министер – бугарскиот еврокомесар Марија Габриел, беше десет години постара од Синкевичиус во времето кога ја презеде функцијата.
Во 2016 година, Виргиниус Синкевичиус стана пратеник во парламентот во Литванија. Тој е член на литванската Селанска партија, која припаѓа на Зелените.
Фон дер Лејен, сепак, истакна дека вистински шеф на политиката за животна средина на Европската унија во наредните години ќе биде нејзиниот извршен потпретседател Тимерманс, на кого му ја довери Европската зелена спогодба.
Најмладиот член на Европската комисија нема да биде само стажист , туку меѓу главните задачи кои ќе ги има ќе бидат прашањата за биоразновиодноста и стратегиите за пластика и рибарството.Синкевичиус треба да се спреми на жестоко распрашување во надлежната парламентарна комисија на ЕП.




