Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската Унија ги пропушти некои од првите вакцинациски цели во 2021

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 6, 2021 17:48

До крајот на март, 2021 Европската Унија има дадено вкупно 107 милиони вакцини што ја исполни една од иницијалните Ковид-19 цели за првите три месеци од годината. Односно целта да се дадат 100 милини вакцини до крајот на март е исполнета.

Но, ЕУ државите потфрлија во некои од другите цели што беа поставени од Европската Комисија околу вакцинација на одредени таргет групи. Според Politico, само 5 ЕУ држави успеле да ги вакцинираат 80% од луѓето над 80 години и многу мал број држави може да се пофалат со 80% вакцинација на нивните здравствени работници и работници за социјална заштита.

Ова потфрлување на Европската Унија се должи на низа комплексни фактори, меѓу кои се проблемите со продукцијата на Астра-Зенека. 75 милиони памалку Астра-Зенека вакцини беа испорачани до ЕУ. Според Астра-Зенека ова се должи на проблеми со филтрација во фабрика во Сенеф, Белгија каде што требало да се произведат дел од вакцините. Сопствениците на белгиската фабрика, пак, сметаат дека ова не е точно.

Секако, дел од спората вакцинација во ЕУ се должи и на стравот од вакцините, особено околу потенцијаните проблеми со згрутчување на крвта како резултат на Астра-Зенека вакцината. Овие несакани последици се имаат појавено во само 30 пациенти од 18 милиони вакцинации во Велика Британија – држава која има вакцинирано голем процент од нејзините граѓани со оваа вакцина. Сепак, паниката која се создаде околу потенцијалните негативни ефекти од Астра-Зенека резултираше во дополнителна претпазливост и дури привремено повлекување на оваа вакцина за некои групи, иако ЕУ регулаторите сметаат дека Астра-Зенека е безбедна вакцина.

Исто така вакцината на Џонсон и Џонсон, која е поразлична од другите на пазарот бидејќи се зема само во една доза, се смета за безбедна. Американската компанија сѐ уште нема испорачано вакцини до ЕУ државите, но се очекува тоа да се случи во средината на април, 2021.

Друг проблем е што некои држави како Холандија и Бугарија ги немаат искористено сите дози кои ги имаат, складирајќи дури 34% од нивните вакцини според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Се разбира во целата оваа приказна не смее да се заборави дека Европската Унија не е хомогена единка туку политички и економски сојуз на 27 држави со различни култури, број на население, но и економски капацитети. Односно во ЕУ има и држави како Франција и Германија (кои имаат минато на колонијализам) кои се побогати и држави кои се посиромашни како Бугарија и Естонија. Помалите и посиромашните држави генерално ја купувале поевтината вакцина Астра-Зенека, додека други побогати држави дури имаат и вишок вакцини.

Ама дури и со пристап до поголем број вакцини, некои од побогатите држави во ЕУ имаат проблеми со дистрибуцијата и администрацијата на вакцините. На пример, Берлин, главниот град на Германија кој има население од 3.6 милиони, има само 4% целосно вакцинирани резиденти.

Според Politico, под совршени услови Европската Унија би требало да добие 470 милиони вакцини во вториот квартал на годината (Април-Мај-Јуни), но за сега не е јасно како ќе изгледаат наредните месеци за овој политички блок.

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.