Во недела е закажан републикански марш во Париз за поддршка на слободата на изразувањето и против терористичките акти кои ја завија Франција во црно.
На овој марш официјално најавија свое присуство повеќемина европски државници како грманската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, италијанскиот премиер Матео Рензи, британскиот премиер Дејвид Камерон, првите луѓе на Европската унија и Европската комисија Доналд Таск и Жан-Клод Јункер.
Францускиот претседател Франсоа Оланд повика на единство во републиката за да се покаже дека Франција ги отфрла расисзмот и ксенофобијата и ги повика сите граѓани да излезат на ова собирање за да ја покажат силата на Франција која ги отфрла нападите врз слободата на изразувањето.
На протестот се повика да излезат сите граѓани без разлика дали се од десницата, левицата, дали се христијани, муслимани, евреи…
Се очекува дека и многу други европски државници ќе дојдат на овој протест во Париз. Претседателот Оланд најави дека и тој ќе присуствува на собирањето во недела.




