Кристијано Роналдо ја „одбрани“ титулата за најдобар спортист на Европа за 2017 година во јубилејниот 60. избор на новинските агенции на стариот континент во организацијата на полската „ПАП“.
Португалецот во изминатите 12 месеца освои пет титули на клупски план со Реал Мадрид (Лига на шампиони, Примера, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство во Абу Даби), а на репрезентативен план го предводеше националниот тим до СП 2018 во Русија.
До второто признание во низа Роналдо стигна со 159 поени, 16 помалку од светскиот првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон. Како трет заврши Роџер Федерер кој во 2017 година додаде два нови гренслем трофеја (Австралија опен и Вимблдон).
Во топ 10 се најдоа и шпанскиот тенисер Рафаел Надал (113 гласа), шведската пливача Сара Сјестрем (75), австрискиот скијач Марсел Хиршер (68), германската бијатлонка Лаура Далмејер (51), британскиот атлетичар Мо Фарах (51) и неговата грчка колешка Катарина Стефаниди (41).