Европскиот Парламент гласаше преговорите за членство на Турција во ЕУ да бидат одложени доколку Анкара го смени Уставот и целата моќ оди во рацете на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
„Европската Комисија и земјите члени, во согласност со Преговарачката рамка, ќе ги суспендираат преговорите за членство на Турција без одлагање, доколку биде усвоена уставната реформа“, се вели во Резолуцијата која ЕП ја усвои.
За Турција, ова не е прифатливо.
Реагирајќи на одлуката на ЕП, министерот за ЕУ на Турција, Омер Челик, вели за нив ваквата одлука е неприфатлива. На неговата реакција се надоврза и портпаролката на турското МНР, потенцирајќи дека се работи за обвинувања а воедно и намалување на важноста на турскиот Парламент.
„Одбиваме било какви предлози дека треба да има цврста соработка помеѓу Турција и ЕУ во други области кои не се поврзани со преговорите за членство“, изјави Челик.
Според него ЕП не бил солидарен со Турција за време на неуспешниот државен удар минатата година.
Односите помеѓу ЕУ и Турција се влошени уште во јули минатата година кога Ердоган почна на големо да апси по неуспешниот државен удар.
По референдумот со кој на Ердоган му се одобри целосна моќ над државата, ЕУ цврсто реагираше дека тој го прекршувал меѓународното право и дека Парламентот не треба да му дозволи да има неприкосновена моќ.




